ДОБРО ВИДЕТЕ КОЈ Е, ПРЕД НЕКОМУ ДА ОТВОРИТЕ ВРАТА - еве како напаѓал и крадел 26-годишен скопјанец

Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2025
Против 26-годишен скопјанец ОЈО Скопје поведе истрага, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 и две дела – Тешка кражба според член 236 став 1 точка 1од Кривичниот законик.
На 20 декември 2024 година, осомничениот дошол пред врата на стан на улицата “Венјамин Манчуковски” во Аеродром и тропнал на вратата. Кога сопственикот излегол, физички го нападнал со тупаници, од раката му го одзел мобилниот телефон, а кога оштетениот паднал на земја, му одзел уште 1.200 денари.
На 26 декември 2024 година, заедно со еден малолетен соизвршител, осомничениот извршил тешка кражба во угостителски објект во Аеродром, на булеварот “Кузман Јосифовски – Питу”. Во објектот влегле со провалување и по пребарување одзеле мобилен телефон.
Уште една тешка кражба извршил на 18 јануари годинава, кога осомничениот насилно влегол во пицерија на улицата “Фрањо Клуз” од каде украл 3.000 денари, клуч од касата и шишиња пиво, во вкупна вредност од 12.000 денари.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Можеби ќе ве интересира
СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Честитката за независноста на Косово е упатена преку МНР

Жена со автомобил кој го бара Интерпол е фатена на Табановце

(ВИДЕО) ПО ПОВОД 17 ГОДИНИ ОД НЕЗАВИСНОСТА НА КОСОВО: Група скијачи поставиле џиновско знаме на Попова Шапка

ОЈО: Извршен увид во Вишото обвинителство за случајот на злоупотреба на функција

НАД 11.000 ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП ОВА СЕЗОНА – ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ МАСКИ ВО БОЛНИЦИТЕ: Забрана за посета на хоспитализираните пациенти

ДУИ ОБВИНИ ДЕКА ОВА Е ПРЕСЕДАН: Тврдат дека државниот врв не ја честитал независноста на Косово
ГАШИ ДОБИЛ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: На мејл му пишале дека ќе влезат во Собрание и ќе убиваат ако ги внесат Бугарите во Уставот

Митко Јанчев повторно пријави дека му се закануваат, едно лице веќе доби осум месеци затвор

КОЦЕВСКИ СЕ ОГЛАСИ И КАЖА ЗОШТО ЈА ПРЕДЛОЖИЛ КРСТЕВСКА ЦАЛЕВА ЗА ШЕФИЦА ЗА ВЈО: „Нарушени се меѓучовечките односи“
