„Добро Боки вистина ги однесе парите таму бе?“: Нови снимки за „Рекет“ ја брануваат јавноста
Објавено во: Македонија 11 Декември, 2019
Преку Јутјуб денеска во јавноста се пласирани нови аудио снимки наводно поврзани со судскиот процес „Рекет“.
Во дел од снимките може да се чуе машки глас кој кажува дека торбата со парите не завршила кај Заев. Истиот глас открива дека познатата Луј Витон чанта била носена и надвор од земјава, но и дека истата била со џи-пи-ес.
Овој пат во аудио снимките се спомнува и името на обвнителката Русковска.
Во една од шестте аудио снимки објавени денеска се зборува следново:
„Добро Боки вистина ги однесе парите таму бе?“, на што следи одговор „Тоа не смеам да го зборам, тоа е дел од истрага. Има џи-пи-ес, се има. У рачка, у металното. Је*ига“.
Дали овие снимки ќе го откријат патот по кој се движела чантата Луј Витон со парите останува надлежните да истражат.Да потсетиме дека аудио снимки беа објавени и викендов за кои обвинителката Вилма кажа дека не протекле од ОЈО бидејќи тие ги немале тие снимки.