18 Април, 2024
0.0267

Добри земјоделски практики, придонес за одржливо земјоделство

Објавено во: Агробизнис, Колумни 21 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Проф.Д – р Борис Анакиев

I ДЕЛ

Концептот Добра земјоделска практика( ДЗП ),се разви во врска со брзите промени и глобализацијата во земјоделството и прехрамбената индустрија, а како резултат на одговорноста и работата на низа заинтересирани субјекти за производство на здравствено безбедна храна и безбедно,стабилно земјоделство и зачувување на животната средина. Заинтересираните субјекти се владите, прехрамбената индустрија и пазарот на мало, фармерите и потроушувачите, кои настојуваат да ги постигнат целите за безбедна и квалитетна храна, за ефективно производство за исхрана на населението и заштита на животната средина, на среднорочен и долгорочен план. Добрата земјоделска пракса предлага начини за постигнување на тие цели.

На поширок план ДЗП применува расположливи знаење за решавање на проблемите сврзани со еколошката, економската и социјалната одржливост на земјоделството и производните процеси за да се осигура безбедна и квалитетна храна и земјоделски суровини.Многу земјоделци во развиените и во земјите во развој веќе ги применуваат добрите земјоделски практики преку одржливи земјоделски мерки, како што се: интегрирана растителна заштита, интегрирано управување во производството на храна и заштита на животната средина со таканаречено штедливо земјоделство. Овие методи се олеснувани и подржувани од многу владини програми и политики. ДПЗ е официјално прифатено во меѓународната регулатива за намалување на ризиците сврзани со користење на пестицидите имајќи ги во предвид: здравјето на производителите и опшеството, заштита на животната средина и усогласеност со безбедноста. Користењето на ДПЗ, исто така промовира приватна сопственост преку неформални практични правила и показатели,развиени од преработувачите на храна и трговците на мало, во одговор на барањето на потрошувачите за оддржливо и здравствено безбедно производство на храна.

  Грижата за безбедна и квалитетна храна во целиот синџир на производството започна со изработка во COAG, прифаќајќи дека одговорноста за обезбедување на безбедна по здравјето и квалитетна храна се применува по целата должина на прехрабрениот систем од сите уцесници во примарното производство, преработката, трговијата на големо и мало, се до потрошувачите. Овој подем покажува дека ДПЗ треба да биде проширен по целиот прехрамбен синџир, но главно се подвлекува примарното производство и преработката.

  ДПЗ претставува голем број потфати и примени сообразно со минимални задолженија кои треба да ги запазуваат земјоделците што ќе гарантира доволно ниво на заштита на природните ресурси од загадување и оштетување ќе придонесува за намалување на глобалното затоплување.

Рамка,кога се имаат во предвид тенденциите во прифаќањето и развивањето на ДПЗ, ФАО предлага рамка во која се бара разбирање и согласност во однос на принципите, показателите и примената на ДПЗ. На база на таа рамка може да биде изработена стратегија за натамошен развој на раководните принципи на ДПЗ за примарно производство и преработки, кои ќе се користат во границите на важечки регулативи.

  Во врска со усогласените меѓународни цели за намалување на гладот и за стимулирање на прехрамбената сигурност се применуваат четири принципи на ДПЗ во сите активности на земјоделството и тоа: Економично и ефикасно производство на доволни количини безбедна храна. Оддржување и зголемување на основата на природните ресурси. Подршка на животоспособните земјоделски претпријатија и придонесување за одржлив начин на живот. Почитување на културните и социјалните потрби на оптеството.

  ФАО предлага група генерички показатели и практики на ДПЗ. Тие се однесуваат на аспектите сврзани со управување на почвата и водата, растителното производство, растителната заштита, сточарството и здравјето на животните, прибирањето на производството, преработката и чувањето на земјоделските производи во стопанството,енергијата во производството и управувањето со отпадоците,благосостојбата, здравјето и безбедноста на храната,дивиот свет и природниот пеисаж.

   Добрите практики сврзани со почвата вклучуваат одржување и подобрување на органските состојки во почвата преку користење на натрупаните резерви со соодветен плодоред, употреба на органско ѓубрење,управување со пасиштата и други практики за користење на земјата, на рационално орање и она што води сметка за заштита на животната средина, одржување на почвениот покривач а да се осигура погодна средина за почвените микроорганизми и да се минимизира загубата на почвата од ветровни и водни ерозии.

  За добри постапки сврзани со водата се сметат оние,кои што ја максимизираат водната пропустливост и го минимизираат непроизводното истекување на површинските води од реките, управување на површинските и подземните води преку правилна употреба и избегнувањена дренажи каде што не е неопходно,подобрување на структурата на почвата и зголемување на нивото на хумус, вложувањата во производството вклучително и отпадоци или рециклирани производи преку технологијата со која се избегнува загадувањето на водените ресурси, применување техники со кои го следат водениот статус на  растенијата и почвата. Прецизно планирање на наводнувањето со спречување на засолувањето на почвата со штедење на водата таму каде што е можно, подржувајќи или одводнувакќи ја почвата каде што е неопходно, изработка и управување со водните биланси задасе предупреди непотребно наводнување, обезбедување на чиста и безбедна вода за добитокот.

  Подобра практика во растителното производство сеоднесува на воведување на разновидни култури зимајќи ги во предвид нивните карактеристики кои ги вклучуваат соодветните реакции кон целта за сеидба и расадување,производност, квалитет, позицииина пазарот и прехрамбената вредност, потоа отпорнос на болести и штетници,климатска приспособливост и реакции кон ѓубрење и хемиски препарати. Потребно е да се планира плодоредот кој води кон оптимално користење на трудот и средствата за работа и да овозможуваат најголема биолошка корист од контрола над плевелите, попат на конкуренција,механички и биолошки опции, промена на култури за користење на биолошки извори на азот,користење на органско и минерално ѓубре во умерени  (балансирани )количини со соодветни методи за намалувањена хранливите состојки изнесени со жетвата или загуба во време на  производство, зголемување на можностите за најголема корист во стабилноста на почвата и на хранливите состојки со рециклирање на растителните отпадоци, да се воведе сточарството во плодосмената и користењето на циклусот на хранливите состојки, рационално користење на пасиштата со ротација на животните на нив за да се овозможи обновување на вегетацијата, да се придржува за нормите и принципите за безбедност, како и стандардите за заштита на работа со средства за работа и машини за растително производство.

  Добри практики сврзани со заштита на растенија. Добри практики се оние кои вклучуваат користење на одредени видови култури, плодоред и практика која ги зголемува можностите за биолошка борба со болести и штетници, редовна контрола на билансот помеѓу штетниците и болестите со корисните организми за сите култури, органски практики за контрола таму каде е тоа пожелно, применување на техники за предвидување на појавата на болести  и штетници, интервенции со  сите  можни методи со нивните краткорочни и долгорочни ефекти врз продуктивноста и последиците за животната средина за да се сведе на минимално користење на агрохемикалиите, а да се примени интегрирана растителна заштита , ги чува и користи хемиски средства согласно со законите за регистрација за одделни култури,определување на погодно време и интервали пред прибирање на реколтата.     

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари