19 Април, 2024
0.0302

ДОБРА ВЕСТ: ГОДИНАВА СЕ ОЧЕКУВААТ ПОГОЛЕМИ ПРИНОСИ ОД ПЧЕНИЦА, сепак, недоволно за домашните потреби

Објавено во: Агробизнис 16 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Зголемени приноси од житни култури може да се очекуваат оваа сезона доколку времето и понатаму остане во овие разумни температурни граници. Поголеми приноси на пченица, но и сончоглед може да се очекуваат и поради зголемените површини кои оваа година се засадени со овие две култури. Упатените за Фактор посочуваат дека со растот на цените на светските берзи покрај тоашто дојде до драстичен пораст на цените на основните прехрамбени продукти во малопродажба, исто така се зголеми и интересот за одгледување на дел од овие култури.

-  Од она што го забележуваме на терен, и од сегашните временски прилики можам да кажам дека може да се очекува позитивен ефект кај производството на земјоделски култури. Со заладувањето и дождовите културите се освежија, освен онаму каде што има штети од невремето и од градот. Но, генерално очекуваме подобар род годинава и кај јачменот, и кај пченицата, па и кај сончогледот. Се забележа исто така дека оваа година имаме значително поголеми површини кои се засадени со пченица и со сончоглед. Има многу одгледувачи кои лани саделе пченка, но годинава се ориентираа кон сончоглед. Добро е што се враќаат на нивите, но битно ќе биде какви цени ќе им бидат понудени на земјоделците за откуп на производите, за да бидат поттикнати и следната сезона да садат и да ги одгледуваат овие култури – вели Ангелко Ангелески, агрометеоролог при Управата за хидрометеоролошки работи.

Нашиот соговорник потенцира оти и покрај зголемените површини засадени со основните култури, и покрај зголемениот принос кој се очекува, сепак, домашните потреби од жито, или сончогледово масло нема да може да ги задоволиме без увоз.

-  Очекувано е приносите да бидат поголеми и кај пченицата и кај јачменот, па и кај сончогледовото масло, но сепак, тие се далеку од доволни за задоволување на домашните потреби од овие производи. Сепак, за да се вратат културите на нивите, и за да се зголеми домашното производство, битни се владините политики и откупните цени кои ќе овозможат земјоделци да ги покриваат трошоците за да бидат мотивирани за одгледување земјоделски култури. Се забележува дека во Пелагонија има зголемено засадување на сончоглед, но и во други региони – додава Ангелески.  

Фактор веќе објави дека има зголемен интерес за засадување на некои земјоделски култури. 

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари