25 Април, 2024
0.0269

ДОБИТНИЦИ - кој како работеше во април: Акцијата на Комерцијална банка најтргувана, на „Макстил“ со најголем пораст, еве каде имаше пад

Објавено во: Економија 12 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Акцијата на Комерцијална банка била најтргувана на македонскиот пазар на капитал во април годинава, покажува месечниот билтен на Берзата.

Просечната цена што ја достигнала акцијата на најголемата македонска банка е 12.779 денари, а биле истргувани дури 18.842 акции на таа банка. Со акциите на Комерцијална банка бил направен промет од 3,7 милиони евра, а нејзиното учество во вкупниот берзански промет било 45,2 отсто.

Втора најтргувана акција на официјалниот пазар на Берзата била таа на фармацевтската компанија „Алкалоид“, чија просечна цена во април била на ниво од 18.115 денари, а истргувани се 3.829 акции. Вкупниот промет што во април бил достигнат со акциите на „Алкалоид“ изнесувал 1,13 милиони евра, а неговото учество во вкупниот промет изнесувало 13,75 отсто, покажува билтенот на Берзата.

На трето место по обем на тргување е акцијата на градежната компанија „Гранит“, чија акција имала просечна цена од 1.419 денари, а вкупниот промет кој бил постигнат со оваа акција изнесува 795 илјади евра, што е учество од 9,71 отсто во вкупниот промет.

На четвртата позиција во најтргуваните акции избила акцијата на фармацевтската компанија „Реплек“, чија просечна постигната цена е 102.711 денари, а преку тргувањето со оваа акција е остварен промет од 687 илјади евра, што во вкупниот промет учествува со 8,39 проценти.

Петтото место, пак, во листата на најтргувани, во април го обезбедила акцијата на Стопанска банка Скопје, со просечна цена од 1.519 денари. Со оваа акција вкупната сума на направен промет изнесува 462 илјади евра.

Потоа, во топ десетте најтргувани акции доаѓаат уште една банка, НЛБ Скопје, па најголемиот нафтен дистрибутер „Макпетрол“, а по нив е позиционирана Стопанска банка од Битила. ТТК банка и „Макстил“ се последните трговски друштва на листата на најтргувани акции за април, говори билтенот на Берзата.

Уште едно интересно рангирање на Берзата говори чии акции најмногу пораснале во април.

На прво место е акцијата на челичната компанија „Макстил“, чија просечна цена во април изнесувала 141 денари, а нејзиниот раст изнесува дури 27,8 отсто во однос на претходниот месец. На второ место е акцијата на „Реплек“, со просек од 99.000 денари по акција, што означува раст од 19,27 проценти. Трет „добитник“ по зголемена цена е акцијата на Стопанска банка Скопје со просечна цена од 1.646 денари, односно растот е 9,72 отсто, а веднаш зад неа по процентот на раст е акцијата на „Макпетрол“, чија просечна цена во април достигна 79.620 денари, што е пораст од 8,32 проценти за еден месец. И петта е Стопанска банка Битола, чија просечна цена на акцијата во април достигнала 3.292 денари, што е раст од 7,92 отсто.

А, кои цени на акциите доживеале најголем пад?

„Аутомакедонија“ е прва на оваа непријатна листа. Нејзината цена на акцијата се намалила на просек од 2.500 денари, што е пад за 7,41 отсто. Втора е акцијата на „Жито полог“ изнесувала 2.200 денари, што е пад за 5,05 отсто, а трета е „Бетон“ Скопје, со просечна цена од 3.559 денари, или намалување за 4,34 отсто. На овој список на акции со најголем пад се ГД Тиквеш Кавадарци и ТТК Банка Скопје.   

Инаку месечниот билтен на Берзата покажува дека во април прометот остварен на Берзата во однос на претходниот месец е зголемен за дури 36,74 проценти.

Пазарната капитализација на компаниите е зголемена за 1,89 отсто, а бројот на трансакции е повисок за 26,4 проценти. 

Главниот берзански индекс МБИ10 пораснал за 2,97 отсто, покажува месечниот априлски извештај на Берзата.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?