ДОБИ ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Скопјанец се обидел да запали албанско знаме
Објавено во: Македонија 03 Декември, 2024
Осумдневен притвор доби млад скопјанец кој се обидел да запали албанско знаме.
Како што информира полицијата, 20-годишниот скопјанец вчера околу 23 часот на подрачјето на општина Центар се обидел да запали албанско знаме.
„Единицата за насилен криминал при СВР – Скопје поднесе кривична пријава против К.К., на возраст од 20 години, поради сторено кривично дело по член 319 од КЗ. Синоќа во 23:10 часот, на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода К.К., кој бил затекнат при обид со запалка да запали знаме“, појаснуваат од МВР.
Знамето и запалката се одземени, а тој е задржан во полициска станица. Против него е поднесена кривична пријава по брза постапка. Од судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор од осум дена.
На 28 ноември - Денот на албанското знаме, повеќе лица го газеа, кинеа и палеа македонското знаме во Скопје, за што три лица добија притвор. Тие осум дена ќе поминат во притвор. Последниве неколку дена имаше повеќе инциденти.