08 Декември, 2024
0.0274

ДОАЃА СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Ќе донесе врнежи од дожд, снег, нова снежна покривка и северен ветер

Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Под влијание на влажна  и студена воздушна маса од север, која е во склоп со висински циклонски систем кој се  наоѓа над нашиот дел од Европскиот Континент, од претстојната ноќ, па се до петок во Македонија ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините, како и на некои повисоки населени места врнежите повремено ќе бидат од снег, па така ќе дојде до формирање на нова снежна покривка, вели метеорологот Славчо Попоски.

Сето ова ќе биде проследено и со северен ветер, кој особено во петок повремено ќе биде засилен на интензитет, и најизразен Долж Повардарието. И во Скопскиот регион следува слично време, ќе има повремени врнежи од дожд во следниот период, додека на околните планини повремено ќе врне снег, а сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец, особено во петок.

За време на овој бран на врнежи, локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри на метар квадратен). На палнинските места особено во зпадните предели ќе се формира снежна покривка со висина до 10 cм, а на највисоките планински врвови можно е и повеќе.

Потоа, за време на викендот ќе настапи разведрување ама утрата ќе бидат многу студени и со појава на мраз. Минималните температури тогаш ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 3 степени.

Максималните дневни температури пак ќе бидат исто така значително под просекот се до 17 Ноември, и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени. Краткотрајно затоплување ќе има по 17 Ноември, а околу или по 20 Ноември повторно следува нова голема промена на времето и продор на нов многу ладен бран од север“, напиша тој.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Силјановска Давкова не отпатува во Париз, се расипал владиниот авион

Силјановска Давкова не отпатува во Париз, се расипал владиниот авион

Предизвикан пожар во планинарскиот дом Караџица

Предизвикан пожар во планинарскиот дом Караџица

Левица: ДПМНЕ и Јанчев донесоа ДУП во Кавадарци за кој жителите поднесуваа кривични пријави

Левица: ДПМНЕ и Јанчев донесоа ДУП во Кавадарци за кој жителите поднесуваа кривични пријави

Десетмесечно бебе донесено починато во Чаир

Десетмесечно бебе донесено починато во Чаир

Автобусите на ЈСП полнат гориво од канти?

Автобусите на ЈСП полнат гориво од канти?

Политичка иницијатива за укинување на Тик-Ток во Македонија

Политичка иницијатива за укинување на Тик-Ток во Македонија

ДУИ: Тошковски уапси лице со ментална попреченост

ДУИ: Тошковски уапси лице со ментална попреченост

Четири лица во болница по судар на два автомобили кај Булачани, еден од возачите почина

Четири лица во болница по судар на два автомобили кај Булачани, еден од возачите почина

Албански интелектуалци му пишаа на Уставниот суд: Не дозволувајте политичко влијание

Албански интелектуалци му пишаа на Уставниот суд: Не дозволувајте политичко влијание