20 Април, 2024
0.0282

ДО 30 АПРИЛ ЌЕ СЕ АПЛИЦИРА - за мерката помош за платите за февруари и март

Објавено во: Македонија 14 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Фирмите и самостојните вршители на дејност за помош за плати за февруари и март од петтиот пакет мерки ќе може да аплицираат до 30 април годинава. Пролонгирањето е направено преку усвоен амандман денеска на Комисијата за Комсисијата за финансирање и буџет, каде се разгледуваат законските решенија од петиотиот пакет антикризни мерки, јавува МИА.

Поради доцнењето на усвојувањето на мерките, прифатен е едногласно амандманот на Законот за финансиска поддршка за самостојни вршители на дејност за месеците февруари и март, по скратена постапка, како и на законот за финансиска поддршка на работодавачите.

Не беше прифатен амандманот на ВМРО-ДПМНЕ со кои се бараше помошта да биде за февруари, март, април и мај, парите да се префрлат директно на трансакциска сметка на работниците, а средствата да бидат неповратни.

Според заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски мерките од петтиот пакет мерки се влезени во Буџетот и не може да се продолжат за месеците април и мај и дека платата на работиците се исплаќа преку работодавачите.

Поднесени се 27 амандмани, од кои 17 се од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и 10 од владејачкото мнозинство.

На дневен ред пред Комисијата за финанирање и буџет се предлог-законите за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност и за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза заради исплата на платите за февруари и март, како и измената на Законот за данок на личен доход, сите во второ читање.

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет денека треба да разгледаат предлози за дополнување на Законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници во второ читање и Предлог – закон за изменување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, исто така во второ читање.

Извор: МИА МК

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите