19 Април, 2024
0.0282

Дневната шема „на кафе“ најскапо ќе ве чини во Дубровник и Будва

Објавено во: Мои пари 01 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Во западниот Балкан дневната шема „на кафе“ најскапо ќе ве чини во Дубровник и Будва, што е за двапати поскапо од Скопје, Сараево и Приштина, покажало истражувањето направено од новинари на агенцијата Анадолија.

Во просечно кафуле во Сараево кафето чини  од 0,75 до 1 евро, сокот - 1,5 евро, минерална вода  1 евро, пиво  2 евра, а топче сладолед  0,5 евра. За просечно излегување преку ден во главниот град на Босна и Херцеговина треба да се плати од  2-5 евра. Во Приштина стандардните цени се: кафе околу  1 евро, сок 1,5 евра, пиво 1,5 евра, минерална вода 0,5 евра и сладолед 0,5 евра.

Во Скопје треба да се издвои од 1 до 2 евра, за сок околу 1 евро, пивото чини   1 до 2 евра, минерална вода 1 евро и топче сладолед 0,5 евра.

Во Белград кафето чини  од 1,5 до 3 евра, сок  2 до 3 евра, пиво од 1 до 2 евра, минерална вода 1 евро и сладолед од 0,5 до 1 евра за едно топче. Просечната сметка за едно излегување изнесува од 6 до 8 евра.

Во Загреб кафето е 1,5 евра, сок 2 евра, пиво 3 евра, минерална вода 1,5 евро и топче  сладолед околу 1 евро.

Во  Подгорица за кафе треба да се плати  1,2 до 2 евра, за сок 2 евра, за минерална вода 1 евро, пиво за 1,5 до 2 евра и сладолед  0,6 евра.

За кафе и минерална вода во Дубровник се плаќа  3,5 евра, додека за соковите од  4 или 5 евра. Пиво чини 5 или 6 евра.

Во Будва кафе може да се испие ако се плати од 2 до 2,5 евра, за сок 2 до 4 евра, минерална вода 2 евра, за пиво 3 до 5 евра и топче сладолед  1 до 1,5 евро.

Можеби ќе ве интересира

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер