25 Април, 2024
0.0373

Диверзификација на земјоделските стопанства-Можности за вработување

Објавено во: Колумни 06 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Заедничката земјоделска политика на ЕУ ја стимулира деверзификацијата на земјоделските стопанства како фактор за решавање на социјално-економските проблеми на селските реони. Под диверзификација на фармите (земјоделските стопанства)  се подразбира вработеност надвор од земјоделската дејност, кај што се користат ресурсите или продукцијата на стопанството и која има економски ефект врз земјоделскоти стопанство.

  Истражувањето во некои земји на ЕУ (Полска, Чешка Република и Унгарија) за ефектите на диверзификацијата врз создавање на нови работни места покажува дека диверзификацијата не е основен извор на работните места и не е способна да го реши проблемот на висока невработеност и да создаде одржлива вработеност иако влијае врз локалната вработеност.

  Ефектот од диверзификација врз степенот на користење на работната сила на земјоделските домаќинства се покажува кај споредбата на средните вредности на вложениот труд за  диверзифицирани и недиверзифицирани   стопанства.

  Зависноста помеѓу диверзификацијата и степенот на користење на работната сила на земјоделските стопанства е позитивна. Во формите со диверзификација во ЕУ, вложениот труд е  околу 2,1 годишни работни единици по фарма, додека за  недиверзифицирани фарми тој показател е 1,3 годишни работни единици.

  Основни форми на диверзификацијата на семејните стопанства се: земјоделски и неземјоделски механизирани услуги по договор; селски туризам; занаети; преработка на дрвен материјал; производство на обновлива енергија; риболовство и аквакулирање.

  Земјоделски услуги  со техника на стопанството за надворешни клиенти се: орање, прашење, прибирање на производи и др. Услугите со неземјоделски карактер исто се извршуваат со машините од земјоделското стопанство со машините од земјоделското стопанство и вклучуваат:  чистење снег и др.

  Производство на занаетчиски стоки (грнчарство, ткаење, кожарство, дрворезба и др) се развиват најчесто во одреденирегиони со традиција.

  Преработка на суров дрвен материјал  (стругари) во стопанството со пазарна цел не вклучува преработка на дрвен материјал прозведен во друго стопанство.

  Производство на обвновлива енергија  (од ветер, вода, биогас и др.) е  релативно послабо застапено.

  Преработка на земјоделска продукција се однесува само на преработка на производство во земјоделското стопанство и е наменета на пазар, а не за консумација на стопанството  ( фармата ).

  Најчесто среќаваме на форми на диверзификација на фармерска дејност (во ЕУ 27) е преработка на земјоделски производи. Се практикува во 56% од диверзифицираните земјоделски стопанства (фарми).

  Република Бугарија има специфична структура на диверзифицираните земјоделски стопанства. Наспроти  во ЕУ (најголем дел завземаа прерабоки на земјоделските производи) во Бугарија е многу слабо застапена форма на диверзификација (8%), додека во ЕУ е релативно развиен селскиот туризам, во Бугарија се преферира договор за туризам надвор од стопанството.

  Во структурниот профил на диверзификацијата во ЕУ одделни видови дејности се значително застапени и тоа дава можност за разнообразност и зголемување  на привлечноста на вработеноста на селското население.

  Многу слабо се претставени дејностите поврзани со “новите предизвици” производство и продажба на биоенергија, преработка на биомаса (суровина) од сопственото земјоделско стопанство и производство и продажба на енергија од други обновливи енергетски извори.

  Според Евростат, диверзификацијата е 15.5% од стопанствата во ЕУ застапеноста на диверзификацијата се движи од 1% од земјоделските стопанства во Латвија до 27,9% од земјоделските стопанства во Финска.

  Факторите кои го одредуваат развојот на диверзификацијата се големината на стопанствата, готовност на човечките ресурси и локацијата на фармата.

  Диверзификационата мрежа во земјоделството не е возможна за секоја фарма. Карактеристики како размерот на фармата, специјализација или диспозиција придонесуваат една или друга фарма повеќе или помалку способна за диверзификација. Индивидуалните карактеристики на фармерот како возраст, ниво на образование, индивудуалност и друго исто така се од значење.

  Диверзификацијата се  среќава почесто кај големите стопанства. Во ЕУ  делот на: семејни фирми со диверзификација е двапати поголем кај големите фирми. Размерот на фармите покажува влијание и врз видот на диверзификацијата. Кај малите фарми е раширена примарната преработка на земјоделската продукција.

  Локацијата на фармата може да биде ресурс или бариера за развој на диверзификацијата на формираните активности. Состојбата и траспортната инфраструктура исто така има влијание. Успешна реализација на неземјоделски дејности е во директна зависност од целосниот развој на техиничката и  инфраструктура во населеното место. Значење има и развој на социјалната инфраструктура, на ресурси и побарувачка на производи од неземјоделска дејност.

  Анализите на диверзификацијата на земјоделските стопанства за нејзино влијание во создавање на работни места во селските реони покажуваат:

-Диверзификацијата на земјоделските стопанства  да биде основен извор за создавање на работни места во селските реони.

-Диверзификацијата на земјоделските сопства не може да ја намали деверзификацијата на пазарот на труд.

-Диверзификацијата на земјоделските стопанства не може да биде основен извор за создавање на работни месѕа во селските реони.

-Диверзификација на земјоделските стопанства на може да ја намали диверзификацијата на пазарот на трудот.

-Диверзификацијата е важен фактор за оптимално ангажирање  на работната сила на селските домаќинства, тоа  го зголемува трипати обемот на вложениот труд во едно стопанство.

-Преценети се можностите на мерка 311 од земјоделската аграрна политика на ЕУ за генерирање на нови работни места, па според најоптимално  сценарио новосоздадени работни места ќе бидат половина од очекуваниот број.


Проф.Б.Анакиев ; Проф.Ромина Кабранова



Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД