23 Април, 2024
0.0308

ДИРЕКТОРКАТА НА ГАК, Д-Р. ЈОВАНОВСКА: Младата жена што почина не е родилка и не е точно дека и се пресечени цревата

Објавено во: Македонија 11 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

На Клиниката за абдоминална хирургија починала млада, 33-годишна пациентка, која во текот на вчерашниот ден поради комплицинарана операција од Клиниката за Гинекологија и акушерство била префрлена таму.

По реакциите на социјалните мрежи дека станува збор за родилка на која и биле пресечени цревата наместо папочната врвка, директорката на ГАК, д-р. Викторија Јовановска, која ја извршила операцијата и е посочена како виновник за смртта на младата жена, за Слободен печат вели дека станува збор за дезинформации.

– Многу жалам за изгубениот млад живот. Но, не е вистина дека се работи за родилка и дека наместо папочна врвка и биле пресечни цревата. Пациентката дојде на операција поради огромен миом во мала карлица, со рапиден раст во последните месеци. Воопшто не беше лесен случај, пациентката претходно била оперирана од пленоктомија, односно и била извадена слезинката. Јас од човечки побуди, токму поради брзиот раст на туморот ја внесов пациентката на операција во време кога имавме редуциран програм на клиниката, рече во изјава за „Слободен печат“ директорката на ГАК, Викторија Јовановска.

Инаку, уште вчера ГАК излезе со соопштение во кое информираат дека по добиените информации од Дигестивна хирургија за комликациите и лошиот исход на пациентката, под итно се состанала Комисијата за контрола на квалитет при ЈЗУ ГАК – Скопје и ја разгледала целата документација од приемот до исписот на Клиниката за дигестивна хирургија.

„Комисијата заклучи дека пациентката е лекувана и третирана по сите протоколи, под висок стручен надзор, заради нејзината претходна состојба и дека е постапено со лекување и третман за високоризични пациенти. Комисијата за контрола на квалитет при ЈЗУ ГАК ќе се состане повторно по добивање на судско-медицинскиот наод. ЈЗУ У ГАК-Скопје изразува длабоко сочувство до семејството на починатата пациентка за нивната голема загуба“, се посочува во соопштението од Гинеколошко-акушерската клиника.

Можеби ќе ве интересира

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост