Директор на бугарска болница одобрувал вакцини против Ковид-19 за административци, наместо за граѓани со приоритет
Објавено во: Балкан 14 Јануари, 2021
Градоначалниците на Сандански, Петрич, Кресна и Струмјани ќе разговараат дали да се преземе постапката за смена на управителот на „Југозападната болница“ д-р Илија Тонев по веста дека одобрил вакцинирање против коронавирус за општински советници и вработени во општинска администрација во Сандански,
Тие не биле вклучени во првата фаза на Националниот план, односно не биле приоритетна група. Потоа шефот на болницата Д-р Тонев објасни дека тоа испаднало така затоа што останале неискористени вакцини за кои немало апликанти.
Министерот за здравство проф. Костадин Ангелов наредил увид. „Извршниот директорот на болницата не ги исполни барањата на планот за имунизација и не спроведе доволно добра организација. Лекарската установа е општинска и министер за здравствениот систем не може да направи кадровски промени. Ако оваа медицинска установа беше под раководство на Министерството за здравство, денес ќе го ослободев од должност извршниот директор на болницата “, рече денес министерот Ангелов.
Според заклучокот на „Медицински надзор“ на 9 јануари имунизирани биле 24 лица од кои 4
општински советници, вработени во општинската администрација, вклучително и член на семејство
на управителот на болницата.