19 Април, 2024
0.0307

Димковски: Со конкретни мерки, промоција и поддршка на извозот го развиваме органското производство

Објавено во: Економија 21 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска во Куманово присутвуваше на саемот за органска храна „Органска трпеза“, организиран од  Здружението за развој на земјоделство и заштита на животна средина „Живот“ од Куманово. Целта на оваа манифестација за претставување на органските производи и производители од Македонија е вмрежување и поврзување на традициите, но и согледување на предизвиците со кои што се соочуваат производителите од Македонија и регионот како и нивно надминување.

За прв пат оваа година на манифестацијата покрај учесници од Македонија, свои штандови имаа и претставници од Србија, Бугарија,Ерменија, Хрватска и Словенија.

Министерот Димковски посочи дека изминатите две години, се спроведуваат конкретни мерки за поддршка на производителите и бизнисите кои интензивно се вложуваат во развојот на органското производство во државата.

„Поддршката преку дирекните плаќања кај органските производители е од 50-100% поголема од поддршката кај конвенционалните земјоделски производители, се поддржува и процесот на сертификација со 50% од вредноста на сертификатите, го поддржуваме и откупот и извозот на органски производи. Во финална фаза е и подготовката на мерката за сертификација на региони, а до крајот на годината ќе се објави и мерката за поддршка на отворање на органски продавници. Го поддржуваме и извозот на органски производи преку финансирање на учество на нашите бизниси на најголемиот саем за органско производство во светот Биофах во Германија, а како дел од нашето национално богатство, нашите органски производи се застапени и на секој саем надвор од нашата држава“, изјави министерот Димковски.

При тоа министерот Димковски, потенцираше дека министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со финансиска поддршка преку Програмата за рурален развој ги поддржува земјоделските здруженија коишто имаат идеја за организација на вакви локални манифестации, саеми и промоција на домашното производство, преку кои ќе се промовираат домашните земјоделски производи.

На манифестацијата присуствуваше и заменик- шефот на мисијата во Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија,  Стефан Томажан, којшто посочи дека Владата на Швајцарија во следните години ќе ја продолжат поддршката во делот на развојот на органското производство во  Република Северна Македонија. 


На денешната манифестација, учествуваа околу 100 излагачи на производители на органска и традиционална храна и производи. Одржувањето на манифестацијата беше поддржано и од амбасадите на Швајцарија и на Србија во Република Северна Македонија, општина Куманово, Програмата за зголемување на пазарната вработливост „IME“, имплементирано од „Паладиум“, Постојаната Група за Регионален Руралан Развој на земјите на Југористочна Европа.


Можеби ќе ве интересира

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен