28 Март, 2024
0.0237

Димковски: Продолжуваме да поддржуваме манифестации за промоција на земјоделски производи

Објавено во: Агробизнис 30 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Денеска министерот Трајан Димковски беше на отварањето на првиот Агро саем,  кој се одржува во Струмица. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство континуирано преку финансиска поддршка ги поддржува ваквите манифестации, преку Програмата за рурален развој со финансиска поддршка од  2 000 евра ги поддржуваме земјоделските здруженија коишто имаат идеја за организација на вакви настани, преку кои се промовираат домашните земјоделски производи.

„За првиот јавен повик за користење на техничка поддршка за организирање и спроведување на манифестации за промоција на земјоделските производи во Република Северна Македонија, конкурираа 56 здруженија од кои 47 ги исполнија условите. Во тек е нов јавен повик којшто трае до крајот на овој месец. Ги повикувам сите заинтересирани да конкурираат и преку разни локални манифестации и саеми да го промовираат домашното земјоделско производство. Локалните манифестации се важни за промоција на земјоделските производи како и за воспоставување на контакти помеѓу земјоделците и компаниите од агро-секторот. Здружението „Про агро фармери“ ја препозна потребата и преку денешниот саем прави добра промоција на регионот кој е најважен за производство на градинарски култури“, изјави министерот Димковски.

Преку реализација на ваквите мерки се дава сериозен сигнал дека министерството и Владата на Република Северна Македонија, освен што се фокусирани на креирање на мерки кои го развиваат агро – секторот, посветено преку Програмата за рурален развој, создаваат и услови за промоција на домашните производи.

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи