19 Октомври, 2019
0.0179

Димковски: Нема регистрирано ниеден случај на болеста африканска чума, домашните свињи се здрави

Објавено во: Агробизнис 22 Август, 2019

Во Република Северна Македонија, досега нема регистрирано ниеден случај на болеста африканска чума, домашните свињи се здрави и свинското месо е безбедно за јадење, вели министерот за земјоделство, Трајан Димковски. 

Затоа се преземаат сите овие превентивни мерки за да не дојде до појава на африканска чума, и РСМ е единствена земја којашто превентивно презема поригорозни мерки за спречување на појава на оваа болест којашто е погубна не само за сточниот фонд , туку и за дивите свињи и за целокупната економија, додава тој.

„Во моментов имаме и состанок со ловечката федерација, како што знаете и добро сте запознаени на последната владина седница се донесе одлука, задолжување за неколку институции за преземање на превентивни мерки за спречување на ширење на болеста африканска чума , која што ја има во соседните држави и која што е погубна и за која во моментов ниту има вакцина ниту и нема начин. Сакаме да ве информираме дека, денеска е во тек состанок со ловечката федерација, кој ќе го продолжиме по пресот. Како што знаете на владината седница беше донесена одлука за превентивни мерки, кои ги преземаме за заштита од африканска чума, каде се вклучени неколку министерства, од која последиците ги знаеме, а тоа е уништување на сите свињи. Интервенција и превентива се основни задачи на кои се фокусираме” – изјави министерот Димковски.

Ловечка федерација, се донесе одлиука во преземање на радикални мерки за спречување на африканска чума,последици уништување на сите свињи со ловечка федерација се дискутира, 1000 денари за дива свиња отстрел, измена на програма за директни плаќања, мали семејни фарми без биосигурносни мерки близу 2000 одгледувалишта, 18 000 свињи, 65 милиони денари.

Можеби ќе ве интересира

Димковски: Со конкретни мерки ги поддржуваме малите производители на традиционални земјоделски производи

Димковски: Со конкретни мерки ги поддржуваме малите производители на традиционални земјоделски производи

Димковски: Со прецизни податоци за земјоделски стопанства до ефикасна реализација на мерките за развој на земјоделството

Димковски: Со прецизни податоци за земјоделски стопанства до ефикасна реализација на мерките за развој на земјоделството