18 Април, 2024
0.0265

Димковски на средба со тутунопроизводителите во Конче, целокупното производство на тутун ќе биде откупено

Објавено во: Агробизнис 10 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, на барање на тутунопроизводителите од Општина Конче, заедно со градоначалникот Благој Илиев, остварија средба на која беше разговарано со тутунопроизводителите од овој регион по повод нивното незадоволство од текот на откупот на тутун од реколтата 2019 – та.

Иако досега откупот се одвивал без никакви проблеми и откупени се околу 70 отсто од тутунот, тутунопроизводителите се загрижени за остатокот на тутун кој сеуште не е откупен.

На состанокот присуствуваа и претставници на фирмите откупувачи како и претседателот на Сојузот на Здружението на тутунари.

Министерот Димковски, по средбата со тутунопроизводителите, посети еден од откупните пунктови во Конче.

Откупот продолжува и понатаму и нема место за загриженост бидејќи институциите и откупувачите ќе направат се што е во нивна моќ за тутнот да биде откупен во целост, согласно договорените количини.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари