29 Март, 2024
0.0273

Димитров за „Та Неа“ објасни каде е „заглавена“ Македонја на патот кон ЕУ

Објавено во: Македонија 16 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот Никола Димитров  за  грчкиот дневен весник „Та Неа“ изјави дека Грција е многу важен трговски партнер и во Северна Македонија имаме големи грчки инвестиции и дека Договорот од Преспа беше историски.

„Ќе бидат потребни години со цел да ја увидиме потребната историска дистанца за да го утврдиме неговото историско значење. Но, историјата ќе покаже дека бевме во право. Немам никаква дилема во тоа. Обично кога зборуваме за Преспанскиот договор се мисли на решавањето на проблемот со името. Но, договорот има и друга димензија што се однесува на јакнењето на соработката во сите области. И тоа беше инвестиција во стабилноста на регионот.”, вели тој. 

Рече дека е многу важно знамето на Европската Унија да го опфати и Западниот Балкан, бидејќи тоа е прашање на заокружување на процесот на обединување на Европа. 

„Едно дете што се родило во мојата земја, сегашна Северна Македонија,  кога ја потпишавме Спогодбата за стабилизација и асоцијација, денес има 20 години. Ние сме земја-кандидат 16 години.  Се движиме во вистинскиот правец, сакаме да бидеме динамична европска демократија со просперитетна економија. Инвестиравме време, спроведовме реформи, покажавме посветеност и решителност во решавањето на тешки проблеми и ја издигнавме демократијата. Сето ова, случајот на Северна Македонија претставува тест за ЕУ и ако наскоро немаме позитивен развој ќе се доведе во прашање кредибилитетот на ЕУ.“, додава Димитров. 

Вели дека е многу важно да се тргне бугарската блокада. 

Премиерот Зоран Заев во интервју за дописничката на МИА во Атина, посочува дека Грција е еден од најпосветените наши пријатели за нашата ЕУ перспектива. Тој открива дека неговиот колега Кирјакос Мицотакис развил неколку позитивни идеи, кои би можеле да помогнат за oтстранување на бугарската блокада. И Димитров деновиве изјави дека Македонија нема луксуз да чека за да почне преговори. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење