29 Март, 2024
0.0265

Димитров: Што после изборите, не сум размислувал

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

По овие избори би требало да се направи обид за еден политички консензус во однос на концептот техничка влада, вели шефот на дипломатијата во интервјуто за МИА, нагласувајќи дека би било тажно доколку земјата остане на овој степен на огромна недоверба и на битката сè или ништо. Од претстојните избори и кампањата очекува лажни вести и оцрнување на противникот, и вели политиката е навлезена во сите пори на општеството.

„Мислам дека ќе има една таква збрка и со лажни вести и со напади врз личноста, повеќе за кој, помалку за што или за како. Вообичаено, колку повеќе политиката е навлезена во општеството, значи колку повеќе на граѓаните им зависи кој им седи во владата во смисла дали може да аплицираат на конкурс за вработување, да завршат друга работа, да учествуваат на тендер за пари на граѓаните, јавни пари итн. Значи, колку повеќе е навлезена политиката, толку посурова е битката меѓу политичките чинители“, вели Димитров во интервјуто за МИА.

Додава и дека ќе се ангажира во кампањата, но сè уште не одлучил во која форма, а доколку зависно од исходот од изборите има можност за уште еден мандат на позицијата шеф на дипломатијата, не дава конкретен одговор, но додава дека во фокусот му е европската агенда. Ако има можност тоа ќе биде некаде каде што ќе може да направи разлика, но акцентот ќе биде, како што вели, на некоја од покрупните стратегиски битки.

„За блиската иднина главниот фокус ми е европската агенда за историската шанса што се назира. Тука мислам дека не треба многу да даваме надеж, треба да сработиме се и повеќе од тоа, без притоа да ја креваме надежта, бидејќи не е корисно. Имавме такво искуство и треба да сме зрели во таа смисла, меѓутоа мора да направиме се што можеме. Има неколку седмици , месеци, јас тоа го чувствувам како незавршена мисија и на некој начин  ќе се вложам целосно во тоа. Ќе се вложам и на еден или на друг начин, не знам точно како, во кампањата, во претстојниот политички натпревар, а што после немам размислувано. Ако имам таква прилика веројатно ќе бидам негде каде што ќе мислам дека ќе можам да направам разлика каде што ќе ми биде предизвикот, некоја од овие покрупниве стратешки битки. Мислам дека ми е патот во надворешните работи ако го завршиме тоа пробивот кон ЕУ, мислам кон внатре ми е поголемиот предизвик. Во следниот период“, вели Димитров.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење