25 Април, 2024
0.0279

Димитриеска-Кочоска: Немам пристап до софтверот за работа со фирми

Објавено во: Економија 23 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Дополнителната заменик-министерка за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, се огласи дека не и е даден пристап до софтверската алатка во Министерството за финансии преку кое може да се проверат обврските на државата кон добавувачите.

„Зошто Министерството за финансии не одговара на моите барања? Ако ги погледнеме податоците кои ги поставуваат на интернет страната на министерството и направиме една анализа (која нема да е целосна бидејќи обврски пријавуваат многу помалку субјекти од потребните, а притоа никој ништо не превзема да се надмине оваа состојба, а велат транспарентни се) повеќе од јасно е дека обврските кон добавувачи во оваа и следната година растат“, напиша заменик-министерот на „Фејсбук“.

Таа додава дека во нејзиниот случај не може да провери кон кои фирми задолженоста се зголемува и со кои од нив најмногу се работи.

„Каде е заштедата за која зборуваше СДС? Каде е нивното домаќинско работење? За жал зборот транспарентност се злоупотребува. Доколку ми дадеа пристап до софтверската алатка ќе можевме да видиме кон кои фирми обврските растат, ќе можевме да анализираме со кои фирми работат. Граѓаните треба да знаат што се случува во министерството. За жал уште еднаш СДС покажаа дека освен личните интереси ништо повеќе не гледаат“, додава таа.

Димитриеска-Кочоска потсети дека Македонија на Индексот на демократија на „Економист“ е помеѓу државите со хибриден режим со највисока стапка за корупција.


Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди