16 Јули, 2020
0.0207

Димитриеска-Кочоска: Нема да правам опструкции кога на Македонија и требаат пари

Објавено во: Финансии 03 Април, 2020

Нина Ангеловска, министерката за финансии, во синоќешното јавување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 ја пофали нејзината заменичка од опозицискиот табор во техничката влада Гордана Димитриеска-Кочоска дека во време на епидемија од коронавирусот ги потпишува сите документи без никакви опструкции.

- Гледаме да нема трошење на енергија непотребно и во тоа успеваме. Често брзината не дозволува на дневно ниво да комунцираме, но често сме во релација. Таа потпишува кратење на трошоците и задолжувањата. Да не го користиме периодот за политички поени. Сепак, немаме време да испиеме едно кафе на само, вели Ангеловска.

Димитриеска-Кочоска во истата емисија рече дека нема намера да не ги потпишува задолжувањата со високи суми, но и дека очекува владата да ги прифаќа предлозите на опозицијата додека трае вонредната состојба.

- Никој да нема дилема дека Гордана ќе направи опструкција по ова прашање. На Македонија и требаат пари. Предлог-уредбата за економски мерки денеска е испратена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во следните денови очекувам да се разгледа, рече заменик-министерката за финансии.

Претходно, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, промовирајќи ги предлозите за економските мерки на владеачката партија во една прилика рече дека Димитриеска-Кочоска „дала збор“ дека ќе ги потпише најавените задолжувања од 600 милиони евра кај меѓународните финансиски институции во економското справување со штетите што ги предизвика КОВИД-19.

Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈАТА ЈА НАРЕКУВАА „БЛЕСКАВА ЅВЕЗДА“: Сега е во најдлабока рецесија откако стекна независност од Малезија

ЗЕМЈАТА ЈА НАРЕКУВАА „БЛЕСКАВА ЅВЕЗДА“: Сега е во најдлабока рецесија откако стекна независност од Малезија

Поради пандемијата доларот трета седмица по ред паѓа

Поради пандемијата доларот трета седмица по ред паѓа

Колку пари има во гробарскиот бизнис?

Колку пари има во гробарскиот бизнис?

За пет месеци ни легнале над 102 милиони евра од брз трансфер на пари

За пет месеци ни легнале над 102 милиони евра од брз трансфер на пари

Народната банка е добитник на наградата на „Комерцбанк“

Народната банка е добитник на наградата на „Комерцбанк“