19 Април, 2024
0.2320

ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ: Многу брзо ќе ги демантирам етикетите од опозицијата, ќе донесам квалитетни промени во партијата

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Димитар Ковачевски, фаворит на Зоран Заев за негов наследник на лидерската позиција во СДСМ, кој вчера потврди дека ќе се кандидира за нов претседател на партијата, вели дека „не е ничиј човек, туку е човек со интегритет и големо професионално искуство соодветно за позицијата претседател на СДСМ“.

Во интервју за МИА тој говори дека е ослободен од внатрепартиски поделби и игри, кои ги смета за непродуктивни. 

Во врска со актуелниот претседател во оставка - Зоран Заев вели дека постигнал извонредни резултати во својот мандат, иако СДСМ на овие избори на некој начин беше казнет од своите гласачи кои решија да останат дома или да гласаат за помали партии и независни листи.

СДСМ на 12 декември ќе гласа за нов лидер, по оставката на Зоран Заев по поразот на локалните избори.

Ковачевски наведува дека „многу брзо“ ќе ги демантира „етикетите“ кои му ги дава опозицијата со тоа што, како што вели, ќе постигне резултати со работа.

„Мојот фокус е да донесам квалитетни промени кои граѓаните и нашите членови ги очекуваат, но и многу брзо ќе ги препознаат“, вели Ковачевски.

Тој додава дека државата освен решавањето на „историските проблеми со соседите“, треба да се фокусира и на клучните проблеми дома, на борбата со криминалот и корупцијата, реформи во судскиот систем, јакнење на економијата и подигнување на животниот стандард на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?