Димитар Апасиев: Против наплаќања на провизии од банките, како во Србија
Објавено во: Економија 15 Август, 2020
Димитар Апасиев, лидерот на Левица, најави дека во Собранието ќе иницира детално регулирање на банките кога станува збор за наплаќањето на провизиите.
„Во соседна Србија, судовите веќе почнаа да носат пресуди во полза на граѓаните/фирмите, а против банките - затоа што наплаќањето на разноразните измислени провизии, членарини и трошоци добија третман на СТЕКНУВАЊЕ БЕЗ ОСНОВ („правно неосновано збогатување“).
Ова, со ваша помош, ќе го направиме реалност и во Македонија!“, објави пратеникот на својот профил на Фејсбук.
Претходно Левица соопшти дека ќе иницира голема реформа на банкарскиот сектор со мерки ќе бидат предложени во најскоро време од страна на пратениците по одземањето на лиценцата за работа на Еуростандард банка.