20 Април, 2024
0.0302

Дилемите за Отворен Балкан – Економски можности или игралиште за Вучиќ

Објавено во: Македонија, Анализа 06 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Иницијатива „Мал Шенген“ која оживеа преку „Отворен Балкан“ и натаму е критикувана од БиХ, Црна Гора и Косово. Економските можности за регионот и префрлањето на топката за интеграција во „шеснаесетникот“ на Брисел се неспорни, но може ли процесот да падне во сенка на амбициите за регионално влијание на српскиот претседател Вучиќ. Токму овие дилеми ги има босанскиот аналитичар Харун Церо кој за Фактор вели дека Вучиќ не може да биде регионален лидер, а да не прави доволно за помирување на Балканот. Исто така е повеќе од јасно дека самата инцијатива нема да даде никакви резултати кои би ги замениле ефектите од интеграција во Европската Унија.

Како во БиХ генерално се гледа на иницијативата која ја предводат Заев, Вучиќ и Рама?

Церо: Чувствата се помешани кога станува збор за оваа иницијатива. Прво, треба да се нагласи дека конкретно што и да излезе од иницијативата Отворен Балкан, дека граѓаните и економиите на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе имаат корист од тоа, и неспорно е дека може да произлезат некои нови моменти што можат позитивно да влијаат економиите на сите три земји. Но, исто така е јасно дека оваа иницијатива не е доволна за овие земји да го достигнат нивото на Европската Унија. За да се постигне ова, потребно е членство во единствениот пазар на ЕУ и воспоставување владеење на правото.

Дали идејата да се префрли топката во Брисел и да се направи исчекор во регионалната интеграција со овој вид на показна вежба за начинот на кој би се одвивало „бришењето на границите“ е доволно за лидерите на ЕУ и дали тоа може да ги откочи или забрза преговорите за членство?

Церо: Првобитната идеја зад оваа иницијатива беше да се изврши некаков притисок врз ЕУ, со цел да се забрза преговарачкиот процес, односно да се направи „среден чекор“ кон членство. Оваа идеја доби поддршка и од некои американски политички фактори поврзани со тамошниот политички естаблишмент. Подоцна, оваа иницијатива беше преземена, пумпана, од Европската комисија и RCC (РЦЦ - Совет за регионална соработка) и беа направени конкретни чекори во врска со самата идеја во рамките на Берлинскиот процес. Оригиналната идеја се претвори во Заеднички регионален пазар.

Имено, во рамките на Берлинскиот процес, беше договорено идентично опкружување, кое вклучува шест земји од Западен Балкан, и се беше потпишано во Софија на 10 ноември 2020 година, како што веќе споменав, под името - Заеднички регионален пазар или скратено ЦРМ (CRM). Затоа, повеќето од мерките, кои сега се наведени, дека треба да се спроведат во рамките на иницијативата Отворен Балкан, веќе се договорени во рамките на РЦЦ и ЦЕФТА, со неколку мали исклучоци.

Неспорно е дека на Босна и Херцеговина, но и на другите земји од Западен Балкан, им е потребна најдобра можна регионална соработка што ќе обезбеди почитување на четирите основни права на ЕУ, и тоа: слобода на движење на стоки, луѓе, капитал и услуги. Во таа насока, БиХ, заедно со другите балкански земји под покровителство на ЕУ, и како дел од Берлинскиот процес во Софија, склучија договори поврзани со овие прашања, потпишувајќи го пристапот кон споменатиот Заеднички регионален пазар. Во тоа време, БиХ, Црна Гора, Србија, Северна Македонија, Албанија и Косово потпишаа договор и се согласија дека административен центар на процесот ќе биде Центарот за регионална соработка (РЦЦ) со седиште во Сараево и дека Центарот за економска соработка со седиште во ЦЕФТА е во Брисел.

Така, до крајот на есента, врз основа на договореното во Софија, движењето на граѓаните на земјите потписнички треба да се спроведе само со употреба на лична карта, која веќе е координирана од ЦЕФТА и РЦЦ. После тоа, дел од договорот за побрз проток на стоки на граничните премини треба да се спроведе наскоро, бидејќи се работи многу за да се воспостават зелени коридори на граничните премини, така што камиони со стока побрзо ќе ги преминуваат меѓудржавните граници. Се во рамките на потпишаниот Заеднички регионален пазар, кој не е ист со „ОпенБалкан“, е многу поголема приказна координирана од Европската Унија, и сето тоа во рамките на Берлинскиот процес.

Значи ли тоа дека Босна и Херцеговина нема да размислува воопшто за членство во „Отворен Балкан“ и ќе се држи до веќе воспоставените процеси под водство на Брисел?

Од оваа перспектива, сигурно нема да има лоши последици доколку БиХ и други земји се приклучат на иницијативата „Отворен Балкан“, но многу поважно е во овој момент да се наведат нештата договорени под покровителство на ЕУ и Берлинскиот процес, и во иднина тие сe повеќе ќе бидат во рацете на Брисел, и помалку во рацете на одделни земји, а така и побрзо ќе се остварат.

Не треба да се заборави дека ЕУ издвои пари за Економски и инвестициски план насочен кон забрзување на развојот на Западен Балкан. Планот има за цел да собере до 9 милијарди евра грантови од ЕУ за да се забрза социо-економското закрепнување на регионот од пандемијата и забрзување на нејзината економска конвергенција со Унијата. Понатаму, се предвидува нов Гарантен инструмент за Западен Балкан, со потенцијал за привлекување инвестиции во вредност до 20 милијарди евра.

Засега противниците на идејата за „мал Шенген“ велат дека не е потребна некаква „Нова Југославија“ со Белград како „управител на конците“. Сметате дека процесот Отворен Балкан има и политичка позадина и скриени агенди на лидерите покрај посочените економски придобивки и зголемената регионална интеграција?

Церо:Јасно и целосно разбирливо е што, политички гледано, земјите како Северна Македонија и Албанија се разочарани од блокадата на преговорите за членство со Европската Унија, иако двете земји ги исполнија бараните услови, па во иницијативи како што е ОтворенБалкан моментални гледаат своевиден спас и испраќаат сигнал до Брисел.

Исто така, јасно е дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој првично беше еден од иницијаторите на оваа идеја, сака да ја зајакне сликата за себе како регионален лидер и некој што е подготвен да преземе иницијатива кога станува збор за Западниот Балкан преку процесот Отворен Балкан. Меѓутоа, може да се каже и дека тоа не му успева на најдобар начин, бидејќи особено кога станува збор за регионална политичка соработка и регионално помирување, тој и неговата влада не прават доволно за да ги направат овие процеси побрзи и подобри. Ова е јасно од изјавите на луѓето во неговата влада кои се многу блиски до него, како што е министерот за одбрана Александар Вулин. Улогата на регионален лидер бара многу повеќе од она што тој го прави во моментов.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители