ДИК со обновени резултати: Колкава е предноста?
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2020
Мртва трка меѓу двете поголеми коалиции - Државната изборна комисија со потешкотии ги објавува резултатите. Оттаму стасаа резултати од обработени 81,5 проценти
Предност има коалицијата предводена од СДСМ - Можеме која има 36,46 проценти од гласовите, додека коалцијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ - Обнова за Македонија има 35,38 проценти. ДУИ има 10,84 отсто, а Алијанса на Албанците 8,44 проценти.