20 Април, 2024
0.0371

ДИК: Ако нема приговори уверенијата за мандати на 28 декември

Објавено во: Македонија 26 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Државната изборна комисија со доцнење од речиси 4 часа конечно излезе за да ги соопшти првичните официјални резултати од прегласувањето на избирачкото место 2011 во Теарце. 

Причината за доцнење е потешкотиите кои општинската изборна комисија ги имала при составување на записникот за резултати од територија на цела општина Теарце вклучувајќи ги и денешните гласови. 

Александар Чичаковски посочи дека ако нема приговори за денешното гласање, ДИК на сите кандидати кои добија пратенички мандат уверенијата за пратеници ќе им ги достави на 28 декември во среда до 20 часот. 

Тоа се однесува на конечните резултати од првите пет изборни единици, како и за сите потврдени мандати од изборната единица 6, што значи доколку нема приговори и последните два мандати врз кои можеше да има влијание исто така ќе бидат потврдени со уверение штом резултатите бидат официјални и конечни. 

Според симулацијата на ДИК поделбата на мандати во ИЕ 6 е следна:

ДУИ                         6

ВМРО-ДПМНЕ         4

БЕСА                       3

СДСМ                      3

АЗА                          2

ДПА                         2

Вкупно на цела територија ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат 51 пратеник и се победник на овие избори.


Можеби ќе ве интересира

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам