26 Април, 2024
0.0359

ДЕТАЛИТЕ ПОЗНАТИ- судијката Васка Николовска-Масевска ќе им суди на Боки13 и на Јанева

Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Основниот кривичен суд во земјава информира дека предметот на Бојан Јовановски, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Зоран Милески, ќе го води судијката Васка Николовска-Масевска.

„Заради интертес на медиумите кои ја следат работата на Судот, ја информираме јавноста дека предметот со КОК бр. 116/19 против Б.Ј., К.Ј. и З.М. согласно АКМИС – електронскиот систем е распределен кај судечки совет со кој претседава судија Васка Николовска - Масевска. Главната расправа по предметот е насрочена за 03.12.2019 година во 10:00 часот за што се доставени и покани до странките„, информираат од Основниот кривичен суд.

А неодамна Кривичниот суд одлучи дека шоуменот Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, кои се осомничени во случајот „Рекет“, остануваат во притвор. 

Од Судот информираа дека се одбива како неосновано барањето да и се укине притворот на Јанева со давање гаранција или заменување со мерки за претпазливост. Како неоснован судот го одбива и предлогот Јовановски да биде пуштен од притвор и мерката да му се замени со поблаги мерки.

Екс обвинителката со три станови гарантираше дека нема да бега. Боки 13 е во притвор од 15 ти јули, а Јанева од 20 август годинава. 

Обвинетите во „Рекет“, својата невиност ќе ја докажуваат на суд, а ниту еден од тројцата не побарал спогодба. 

Инаку, Кривичниот суд во Скопје го прифати обвинението од Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“. На 10 октомври беше поднесено обвинение за случајот, а обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец.

Според соопштението, отфрлени се приговорите поднесени од осомничените во случајот од страна на Советот за оценка на обвинителен акт. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот