ЖЕЛБАТА ЌЕ И СЕ ИСПОЛНИ: Еве каде ќе почива Мира - вдовицата на Милошевиќ
Објавено во: Балкан 18 Април, 2019
Сепак ќе се исполни последната желба на Мира Марковиќ. Таа ќе биде погребана во семејната гробница, покрај сопругот Слободан .
Пријател на семејството соопшти дека денес во Русија ќе се кремира телото на вдовицата на поранешниот претседател на СФРЈ Слободан Милошевиќ, а во петок урната во Белград ќе ја донесе нивниот пријател Драгомир Ј. Кариќ.
Децата на Мира, Марија и Марко Милошевиќ се спречени да присуствуваат на последното испраќање на мајка им.
На Марија која живее во Црна Гора и се одземени документите за патување, а синот Марко се пара со потерница од Интерпол.