18 Април, 2024
0.0244

Десо

Објавено во: Колумни 19 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Со Стево Десоски се среќавам често,се разбира кога не е на подолг престој на гости кај синот во богатите емирати. Со Десо Стариот не врзува долгогодишно пријателство. На некој начин бевме и колеги-тој фоторепортер во Вечер, јас новинар во радиото. Со еден збор како луѓе од занаетот и како скопјани има што да си кажеме, дури и кога се шегуваме (а тоа секогаш го правиме).

Како се нашол на местото на настанот на 6-ти јануари 1993 година на пазарчето „Буњаковец“ не сум го прашал, но остана историската фотка на тројцата Бадникарски мускетари на плочникот на Партизанска, кои на обична камп-масичка пред себе имаа бадникови гранчиња и термос со топла сливова ракија (мелем во тоа престудено јануарско претпладне). Долго на наше инсистирање, а најупорен, како и секогаш е „духовни“- Марко ( кого малиот Мац-Аце го нарече така уште одамна), Десо трагаше по уште кадри од тој за нас историски настан-според него ги имало доста, а мора да се во фотодокументацијата на весникот, сведок на многу настани во Скопје. Но, како и за многу други нешта во животот кога бараш важни докази едноставно само нив ги нема (такво нешто слично се случува и со фонодокументацијата во Радиото) благодарение на општоприсутната наша негрижа......но, што е тука е. Стево долго беше со нас со својот фото-апарат,а потоа дојде замената.....

Ние сме пресреќни што го имаме Десо Малиот, син на Стево, Димитар кој ја продолжи фотографската професија на татка си,а со тоа и традицијата да не следи нас бадникарите на секој чекор. Има направено илјадници фотки во текот на годиниве,дел од нив се во нашите приватни албуми-фотодокументи. Секој од нас со денови по Бадник го посетува фото-студиото карши Соборен и благодарение на стрпливоста на Десо, но и на неговата сопруга Цаци и на Јасна, долго избираме кадри од стотиците што ги направил мајсторот на фотографијата на промоцијата ви општина Центар, на Краста, пред Соборен, во Домот за стари лица во Злокуќани, на свечениот ручек кај Кумот, од движењето на пајтонот по скопските улици .....и од каде уште не. Секоја година подготвува посебен албум со фотографии за Кумот, а понекогаш со негов сесрден ангажман добиваме и посебни видео-прегледи на целата манифестација...со еден збор Десо е со душа и со срце наш, бадникар, кој свесно дарува дел од своето драгоцено време и богато искуство и знаење на олтарот на заветот да му оставиме на саканиот град традиција што ќе трае. Ако неговото синче го продолжи занаетот на татка си и на дедо Стево и тој е наш-да се знае уште од сега.

Десо, како скопска икона, тоа е најмалку што го заслужува!!!!!

18.06.2018 

Мојсо Мојсовски

Можеби ќе ве интересира

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок