20 Април, 2024
0.0276

Дескоска вели дека личен стил е како Рускоска ќе се изрази

Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Министерката за правда, Рената Дескоска, смета дека фамозната СМС-порака на обвинителката Вилма Рускоска која ја испрати вчера до еден од членовите на Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје е суштински јасна, без разлика во каков стил е напишана. Обвинителката која го води случајот „Рекет“ му се закани на еден член дека „ќе биде истресен од гаќи со финансиска истрага“ доколку се утврди дека без основа ја пуштил поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, во куќен притвор.

- Од позиција на министер за правда не смеам да коментирам судски одлуки, ниту пак изјави на обвинители, но генерално сите гледате што се случува изминатиот период во судството и обвинителството. Мислам дека и тие се свесни дека и кај нив треба да се случат реформи, додека за начинот на тоа како ќе се изрази е прашање на личен вкус, рече Дескоска денеска пред новинарите.

Министерката рече дека најавениот ветинг во правосудството ќе биде организиран од мешовита комисија, а не од извршната власт и дека со тоа нема да има упад во независноста.

- Не треба да има стравување ниту кај чесните судии ниту кај чесните обвинители дека би имало злоупотреба во процесот на ветинг. Вече има меѓународни примери како се спроведува ветингот и тоа е нешто што не го спроведува извршната власт туку мешобита комисија на експертско ниво во која што во многу земји учествуваат и меѓународни претставници. Веќе созрева мислењето во Владата и во државата дека мора да се направат чекори за побрзо прочистување на судството од неквалитетни и непрофесионални судии и обвинители, додаде таа.

Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра