29 Март, 2024
0.0293

Дескоска: Може да има задни намери во амандманите на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Министерката за правда, Рената Дескоска, денеска на брифинг со новинарите рече дека денеска власта ги чека амандманите од опозицијата за Законот за обвинителство по што ќе биде утврдено кога ќе започнат средбите на работните групи. 

- Законот треба да ги имплементира меѓународните стандарди и да не овозможи амнестија на било какво кривично дело кое се гони во моментов, или е во фаза на истрага или предистрага. Она што го слушам како најави од ВМРО-ДПМНЕ и остане на тоа што е, навистина мислам дека можеме да дојдеме до договор, но треба прво на писмено да ги видиме нивните ставови и забелешки. Лесто пати она што ќе го декларираат и што ќе го напишат како конкретен амандман се разликува у се кријат задни намери во истите особено за случаите на СЈО, рече Дескоска.

Таа очекува амандманите на ВМРО-ДПМНЕ да се однесуваат на предметите на поранешно СЈО и основите за разрешување на обвинителите. Таа вели дека лошо читање на законот или намерен спин на ВМРО-ДПМНЕ е тоа дека ќе се вдомуваат поранешни специјални обвинители во Обвинителството за организиран криминал и висока корупција.

- Законот предвидува проширување на бројот на обвинители. Потоа ќе се распише конкурс и секој обвинител што исполнува услови ќе може да конкурира. Тоа не е апсолутен трансфер на обвинителите од поранешно СЈО. Целта е да се создадат сите услови, вклучувајќи ги и човечките капацитети, додаде министерката.


Можеби ќе ве интересира

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот