28 Март, 2024
0.0264

Дескоска до судиите: Барате само пари, а не го осудувате криминалот во ваши редови

Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Рената Десковска, министерката за правда, денеска најави дека со меѓународните партнери ќе започне ветинг во правосудството и денешниот протест на судската администрација за неисплатени додатоци на плата коментираше дека во оваа власт вработените се гласни само кога станува збор за делење на пари.

„Министерството за правда ја почитува независноста на буџетот на судовите, но зачудува начинот на исплата која се врши линеарно кај сите судии, иако не постојат основи за зголемување на додатоците да се врши секогаш кај сите подеднакво. Денешниот протест е гласност и конфликт за пари. А кај нив нема став зошто судството е со најниска доверба во јавноста кога има застарување на гонење на судски постапки. Очекувавме реакција од судиите и судската администрација за ова“ рече Десковска.

Со тоа таа го осуди линеарното делење на додатоци на плата и кај судиите и кај судските службеници преку Судскиот буџетски совет.

„Видовме за случајот со видео-клипот на социјалните мрежи во кој се тргува со судски предмети од страна на вработен во судска администрација. Судски доставувачи возат подобри автомобили од судии. Слушаме за бизнис-зделки меѓу судии, обвинители и адвокати. Вработените треба да помогнат во отфрлување на криминалот. Гласни се само кога станува збор за делење пари“, наведе Десковска.

Очекува Ддржавната комисија за спрелување на корупцијата да почне сериозна постапка за проверка на анкетните листови на судиите и да се искористи можноста преку увид во имотната состојба да започне ветингот.

Во тој контекст Дескоска го спомена и случајот со бегството на Игор Спасов, кој според министерката, е пуштен од судија во судска постапка.

- Тоа се прашања кои фрустрираат и очекувам судството и синдикатите да ги отворат тие прашања, наведе таа.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење