ДЕСЕТИЦИ КУЌИ СЕ УНИШТЕНИ: Силен земјотрес во Турција, има жртва и повредени
Објавено во: Балкан 15 Јуни, 2020
Едно лице загина, a девет се повредени во земјотресот од 5.7 степени кој ја погоди Турција.
Се стресе турската источна провинција Бингол.
Уништени се неколку десетици куќи и згради, изјавија од Директоратот за природни катастрофи и вонредна состојба.
Осум лица се повредени во неколку села, меѓу кои ина и едно дете.
Поставени се околу 550 шатори, како и една спасувачка екипа во регионот.На 23 февруари годинава во Турција имаше земјотрес кој однесе жртви.Турција често ја тресат земјотреси. Последниот голем потрес, со јачина од 7,4 степени ја погоди во 1999 година, при што загинаа 18.000 луѓе.