Десет дена пред да си замине од функција, Могерини распали по ЕУ за недоделениот датум за Македонија
Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2019
Неколку дена пред да ја напушти функцијата, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, се налути и и плесна во лице на ЕУ дека дека прави историска грешка со одлуката за Македонија.
Таа вели дека тоа е повеќе од пропуштена шанса, историска грешка за која како што вели се надева дека што поскоро ќе има промени.
Федерика Могерини оценува дека одложената одлука на Европскиот совет за отпочнување на пристапните преговори со Албанија и Македонија претставува историска грешка.
Таа сумирајќи ги своите активности од претходната недела, на својот блог наведува во текстот „Две одлуки, една грешка“ , пишува дека после „тешкиот“ Европски совет на кој шефовите на држави и влада ја одложија одлуката за отворање преговори за пристапување на Македонија и Албанија во Европската унија, и покрај, како што вели, исклучителниот напредок кој го постигнале двете земји е спротивно на препораката на ЕК.
Могерини спомена и две важни одлуки - едната се однесува на одобрувањето на новиот договор со Лондон за Брегзит, а другата е потврда на единствениот став на ЕУ за турската воена интервенција во Сирија.