19 Април, 2024
0.1629

Денеска стартуваат преговорите помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за законот кој го бара Брисел

Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

За денеска е закажана првата средба за обнова на разговорите меѓу власта и опозицијата за новиот закон за обвинителство, а разговорите ќе ги водат Бојан Маричиќ, советник на претседателот на СДСМ Зоран Заев и Тимчо Муцунски, советник на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Двајцата советници ќе ја договараат динамиката на преговорите.

Според одредени медиуми, во редовите на ВМРО-ДПМНЕ се уште траат експертските анализи на најновата верзија на Законот за ЈО, што Министерството за правда им ја испрати на крајот од минатата година.. Од СДСМ пак очекуваат в среда да им бидат испратени конкретни позиции и амандмани побарани од најголемата опозициска партија.

Она што е познато од драфт верзијата за предлогот-закон е тоа дека сите надлежности на СЈО одат во рацете на Вилма Русковска и Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Разговорите претходно беа во застој со месеци, а последната верзија на законот за обвинителство е трета по ред во период кој опфаќа повеќе од една година. Новиот еврокомесар за проширување Оливер Вархељи и францускиот амбасадор во Скопје, Кристијан Тимоние, испратија пораки дека добро е законот да биде донесен пред следниот состанок на Европскиот совет.

Заев вчера истакна дека се откаѓал од намерата за директна средба со Мицкоски и дека работи на тоа да обезбеди двотретинско мнозинство, односно поддршка од најмалку 80 пратеници за изгласување на законот. Сепак, останува констатацијата дека за тоа треба да ја ибеди и независната пратеничка група која беше исклучена од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, Мицкоски ја одби поканата за лидерска средба со Заев, а неговата партија нагласи дека е за донесување на законот, но не за таков кој ќе и донесе политички пеони на власта.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени