20 Април, 2024
0.0296

ДЕНЕСКА ПРОТЕКУВА ГАС НИЗ ГРЧКО БУГАРСКИОТ ИНТЕРКОНЕКТОР, претседателите на балканските земји на отворањето

Објавено во: Економија 01 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Денеска осамнува нова ера за енергетската карта на Југоисточна Европа, треба да започне протокот на природен гас од Грција кон Бугарија и оттаму (подоцна) кон остатокот од Балканот до Украина, преку грчко-бугарски интерконектор.

На свечена церемонија во Софија првите количества гас, кои доаѓаат од југ, ќе ги „поздрават“ лидерите на Балканот како и претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, пишуваат медиумите во соседството.

Бугарскиот претседател Румен Радев го покани премиерот на Грција Киријакос Мицотакис, кој ќе биде придружуван од министерот за енергетика Костас Скрекас, како и претседателите на Србија и Македонија, Александар Вучиќ и Стево Пентаровски, премиерот на Романија, Николае Чиука и претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев.

Како што наближува тешка енергетска зима, Бугарија ги зајакнува своите „резерви“ со азербејџански природен гас што ќе пристигнува од Грција. Гасоводот ИГБ во должина од 182 километри започнува од Комотини и влегува во бугарската мрежа во градот Стара Загора. Во првата фаза ќе транспортира 3 милијарди квадратни метри годишно, но вкупниот преносен капацитет ќе биде 5 милијарди кубни метри.

Нејзиното комерцијално работење започнува со проток на гас од Азербејџан, кој ќе „падне“ во ИГБ, на неговата раскрсница со минувачкиот ТАП во Комотини, за да го продолжи „патувањето“ кон Бугарија и оттаму, преку други меѓусебно поврзувачки цевководи, во Србија, Македонија, Романија, Молдавија и Украина - подоцна, можеби и повеќе.

Минатиот мај, во Александрополис, лидерите на балкански земји се сретнаа на инаугурацијата на изградбата на ФСРУ, а таму беше објавена заложбата на градежната група дека проектот ќе биде завршен до крајот на следната година.

Балканските земји досега беа најмногу зависни од рускиот природен гас и нафта, а Бугарија 90 отсто од своите потреби ги задоволуваше од Русија. Всушност, Москва поради ставот на Софија за украинското прашање веќе го прекина снабдувањето со природен гас. Со почетокот на работата на ИГБ, пак, енергетскиот пејзаж се менува и рускиот монопол се „крши“, при што прв чекор е работењето на грчко-бугарската оска. Уште еден гасовод што уште поцврсто ќе ја „врзе“ Грција за европските енергетски мрежи, договорено е да се гради на оската Солун - Скопје, за транспорт на гас до Македонија, а оттаму посевер кон Србија, Косово итн.

Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, предвидено е претседателот Пендаровски за време на престојот во Софија да има и билатерални средби со Радев и со Фон дер Лајен.

Во рамки на посетата на Бугарија, како што е најавено, претседателот Пендаровски на автопатот „Струма“ ќе положи цвеќе на местото на автобуската несреќа, во која на 23 ноември 2021 година, загинаа 45 македонски граѓани.

Гасниот интерконектор Грција – Бугарија (проект ИГБ) ја поврзува мрежата за пренос на природен гас на Грција во близина на градот Комотини со бугарската преносна мрежа во близина на градот Стара Загора. Имплементацијата на проектот има за цел да обезбеди диверзификација, не само на рутите, туку и на изворите на природен гас за Бугарија и поширокиот регион.

Овој интерконектор за земјава има и дополнително значење, бидејќи ќе ни овозможи пристап и до складиштето за природен гас во Чилен во Бугарија, преку кој може да набавуваме ЛНГ (Liquified Natural Gas) од терминалот во грачкиот град Александрополис, а во текот на летото кога е поевтин и да го складираме во Бугарија, со можност да го користиме на зима кога е најпотребен.

Диверсификацијата на изворите со природен гас, треба да обезбеди сигурност во снабдувањето со природен гас за земјава на среден и долг рок, како и одлична можност за зголемување на перформансите на домашната економија, која може да биде конкурентна со земјите од регионот.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите