27 Септември, 2020
0.0271

Денеска истекува рокот: Има ли некој 300 милиони евра за гасифицирање на Македонија?

Објавено во: Економија 10 Август, 2020

Денеска истекува рокот за прибирање понуди од оператори за јавно-приватно партнерство за изградба, одржување и управување на дистрибутивната мрежа за природен гас до домаќинствата во Македонија по јавниот повик што претходно го објави Министерството за економија за инвестиција од 300 милиони евра за гасификација на населените места низ земјата. 

Првичниот план по стариот февруарски оглас беше да се приберат понудите до јуни, односно првата фаза да трае 120 дена, но постапката се одложи за два месеци. Од Министерството за економија велат дека денеска дефинитивно истекува рокот и дека досега има економски оператори кои подигнале тендерска документација.

„Ве известуваме дека рокот за доставување на понуди на јавниот повик за јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија е 10 Август 2020 година до 12 часот согласно измената на огласот. Досега има економски оператори кои подигнале тендерска документација. Отварањето на понудите е во понеделник и тогаш ќе се види дали некој поднел пријава за интерес“, велат од министерството.

Владата во декември 2019 година донесе одлука за започнување на постапка за доделување на договор на приватен партнер кој ќе го изгради и потоа ќе наплаќа од дистрибутивниот систем на природен гас во земјата, додека паралелно државниот НЕР ги гради магистралните гасоводи и интерконективните приклучоци. 

Компаниите кои би аплицирале на јавниот повик треба да имаат најмалку 150 милиони евра годишен приход во последните три години а изборот треба да се направи со конкурентен дијалог. Инвеститорот за четири години треба да изгради најмалку 50 отсто од мрежата во градските општини и најмалку 20 отсто во руралните општини. Надлежните уште во февруари тврдеа дека интересот кај потенцијалните приватни партнери е огромен.

Оној што ќе го добие 35-годишниот договор ќе има право да менаџира и да остварува приход од системот со обезбедување на загревање на јавните установи, како и на комерцијалниот сектор и домаќинствата. Во најраната фаза ќе треба да ги гасифицира Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар, Чаир, Градско, Демир Капија, Кавадарци, Крива Паланка, Куманово, Неготино, Прилеп, Свети Николе, Штип, Битола, Гостивар, Тетово, Кратово и повеќе рурални средини во непосредна близина. 

Договорот ќе го добие оној кој ќе понуди најмала висината на надоместок за приклучок кај крајните корисници, а критериум ќе биде и висина на надоместок за концесија и времетраењето на изградбата. Според владината одлука, приватниот партнер ќе плаќа за договорот доделен од државата така што ќе издвојува однапред предвиден процент од годишниот приход.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Картички за невработени, субвенции за фирмите: Денеска четвртиот пакет антикризни мерки

Картички за невработени, субвенции за фирмите: Денеска четвртиот пакет антикризни мерки

Екс министерката Ангеловска конечно се огласи по смената

Екс министерката Ангеловска конечно се огласи по смената

Ќе се одложи враќањето на бескаматните кредити, некои фирми ќе добијат и грантови: Мерките во финална фаза

Ќе се одложи враќањето на бескаматните кредити, некои фирми ќе добијат и грантови: Мерките во финална фаза

Градоначалникот Митко Јанчев како „полицаец“ на откупен пункт: Спречил инцидент

Градоначалникот Митко Јанчев како „полицаец“ на откупен пункт: Спречил инцидент

Заев најавува инвестиции во патишта во милијарди евра

Заев најавува инвестиции во патишта во милијарди евра

Владата ќе субвенционира плати за октомври, ноември и декември: Нови мерки вредни 350 милиони евра

Владата ќе субвенционира плати за октомври, ноември и декември: Нови мерки вредни 350 милиони евра

Пошта не избра банка: Колку пензионери од Еуростандард месецов ќе останат без пензија

Пошта не избра банка: Колку пензионери од Еуростандард месецов ќе останат без пензија

Вработувањето под етнички клуч не може да одговори на една модерна развојна економија, вели Битиќи

Вработувањето под етнички клуч не може да одговори на една модерна развојна економија, вели Битиќи

РЕЗЕРВИТЕ СЕ ТРОШАТ: Уште колку злато остана да се ископа во рудниците?

РЕЗЕРВИТЕ СЕ ТРОШАТ: Уште колку злато остана да се ископа во рудниците?