Денес започнува аплицирањето за кредити без камата
Објавено во: Финансии 29 Април, 2020
Од денеска микро, малите и средни претпријатија од сите дејности ќе можат да аплицираат за новата линија бескаматни кредити Ковид 2 што е во висина од 8 милиони евра.
Јавниот повик за втората бескаматна линија веќе е објавен, додека аплицирањето започнува денеска. Максималниот износ на кредит за кој може да се аплицира е според формулата - 14.500 денари помножено со 3 месеци помножено со број на вработени
Износот не може да е помал од 184.500 денари и не може да е поголем од 5.535.000 денари. Бројот на вработени треба да е со состојба 31 јануари 2020 година.
Вкупно 631 бескаматни кредити се одобрени од Ковид 1 линијата од Развојната банка, во износ од 4,7 милиони евра. Во овие фирми работат 5.588 вработени.
По структура од вкупно одобрените кредити, 76 отсто се за микро претпријатија со до 10 вработени. Од вкупно одобрените 4,7 милиони евра, 2,1 милиони евра се за компании од транспортна дејност, 2,4 милиони евра за угостителство и 200.000 евра за туризам.