Ден по страшниот земјотрес во Драч: Се сруши таванот, не можев да стигнам до децата
Објавено во: Балкан 22 Септември, 2019
По вчерашниот земјотрес во Драч, Албанија денес ништо не е исто. Граѓаните се уште се надвор и се плашат да влезат во своите домови.
Најсилиот потрес се случи вчера во 16 часот, со јачина од 5,8 степени според Рихтер, 13 километри северно од Драч, а по него следуваше уште еден, со јачина од 5,3 степени. Епицентарот беше во Јадранското море.
Цела Албанија го почувствува потресот, како и Црна Гора и Македонија. Вчера веднаш на местото пристигна претседателот Илир Мета, а премиерот Еди Рама го одложи службеното патување на Њујорк за да се види со жителите во погодените области. Засега има околу 70 полесно повредени, повеќе од 100 куќи се оштетени, автомобили и неколку згради и патишта. За среќа, нема човечки жртви.Целиот текст прочитајте го на Машки магазин.