29 Март, 2024
0.0254

Деловна можност што им дава моќ на многу жени

Објавено во: Мои пари 08 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Дали некогаш сте размислувале да почнете сопствен бизнис? Сè повеќе жени се насочуваат кон претприемништво, а според второто годишно истражување за глобално претприемништво на Herbalife Nutrition72 % од жените сакаат да почнат сопствен бизнис. 50 % од овие жени моментално немаат бизнис, а 22 % од нив веќе имаат свој бизнис, но би сакале да почнат друга бизнис активност.

Во нашето истражување, спроведено од страна на OnePoll, учествуваа 9.000 жени од 15 земји, меѓу кои 2.000 жени од САД, и ни ги открија најдобрите причини, мотивирачки фактори и очекувани предизвици при нов бизнис.

Најдобрите причини зошто жените се насочуваат кон претприемништво

Воопшто не е лесно да се донесе одлука за градење бизнис. Кои се тие мотивирачки фактори што го водат претприемничкиот дух? Како глобална нутриционистичка компанија што нуди економска можност, Herbalife Nutrition сака да ги разбере реалните придобивки што жените сметаат дека ќе ги имаат кога ќе станат претприемачи.

Најчесто спомнувани придобивки се:

* потенцијал за зголемување на приходот (54%)

* да бидеш сам свој шеф (52%)

* флексибилност во однос на работно време/начин на живот (45%)

* можност да ја следиш својата страст (40%), и

* да поминуваш повеќе време со семејството (36%).

Покрај овие реални придобивки, сакавме да ги откриеме и другите мотивирачки фактори. Голем број жени сметаат дека да бидеш претприемач е моќно, инспиративно, значајно и го менува животот. Всушност, 45% од испитаниците веруваат дека претприемништвото е можност со која на жените им се даваат повеќе добри примери.

Односно, еден од најважните мотивирачки фактори зошто жените сакаат да станат претприемачи е да им помогнат на идните генерации. 80 % од испитаниците се согласија дека сакаат да почнат бизнис со цел да бидат пример за помлади жени и девојки.

Како Herbalife Nutrition ги обучува и им дава моќ на жените претприемачи

Herbalife Nutrition им дава поддршка на независните Дистрибутери во секој чекор што го прават. Затоа компанијата нуди широк спектар на алатки, меѓу кои и онлајн ресурси што опфаќаат важни бизнис теми, како што се:

* Како да направите бизнис план и да ги следите трошоците.

* Како да отворите и да водите Нутриционистички клуб.

* Обука за производите: главни придобивки, начин на употреба и безбедни препораки за клиентите.

* Како самоуверено да го пренесувате своето искуство со деловната можност, со производите или со намалување на телесната тежина.

* Како да ги искористите социјалните медиуми за да привлекувате следбеници и да ги активирате клиентите.

Оваа едукација е поткрепена со менторската релација помеѓу Дистрибутерите и нивните спонзори. Блиската индивидуализирана релација ги поттикнува и мотивира новите Дистрибутери да се здобијат со знаење и обука за да може да им обезбедат најдобра услуга на своите клиенти.

ОВДЕ може да прочитате повеќе за деловната можност на Herbalife Nutrition.

Автор: Иби Монтесино, постар потпретседател и генерален директор, Северна Америка

* ПР - објава


Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија