Дел од скенирачите на фискални сметки се офајдија, што е со останатите на кои не им легнаа пари од „Мој ДДВ“
Објавено во: Економија 07 Декември, 2019
Ако скениравте фискални сметки и уредно беше пополнета вашата апликација, односно без грешка ја имавте внесено трансакциската сметка тогаш очекувајте прилив на денари од УЈП.
Првите пари од исплатата легнаа вчера а оние кои не се израдуваа тоа може да го очекуваат наредната недела.
Скоро на 16 600 граѓани од УЈП им беше исплатен повратот за првото тримесечие, односно 15% поврат од пресметаниот ДДВ добиле граѓаните кои скенирале фискални сметки за месеците јули, август и септември.
22,670,713 фискални сметки се скенирани во првиот квартал додека повратот од 15 отсто е во висина од 186,215,194 денари.