Дел од повредените во несреќата уште се борат за живот-критична 19 годишна девојка
Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2019
Петмина патници на скопските клчиники уште се борат за живот.
Во моментов деветнаесет годишно девојче се наоѓа во операциона сала и е еден од најкритичните пациенти по кобната несреќа кај село Ласкарци.
Според информациите кои ги доби Фактор во комплексот клиники Мајка Тереза докторите вршат интервенција на девојката со повреда на карлицата.
Тројца од критичните се во одделот за интензивна нега на скопската Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување и според лекарите нивната состојба е доста тешка и критична.
Останатите двајца се во градската болница „8-ми септември“ , имаат повреди на мозокот и се приклучени на апарати за механичка вентилација.