Дел од повредените Албанци ќе бидат префрлени во Италија
Објавено во: Балкан 27 Ноември, 2019
Двајца од повредените во земјотресите во Албанија најверојатно ќе бидат префрлени во Италија, а 32-ца луѓе се на интензивна нега.
Министерката за здравство, Огерта Манастирлиу, рече дека здравствената состојба на осуммина е сериозна.
Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала што вчера ја зафати Албанија се зголеми на 32, а повредени се 658 лица.
Албанскиот премиер Eди Рама кој ги посети преживеаните од земјотресот вети дека тие ќе бидат сместени во хотели долж брегот на Јадранското море.