19 Април, 2024
0.0280

Дедото почнал со работа, а таа продолжила после многу години

Објавено во: Агробизнис 10 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Постојат луѓе кои од своето хоби и семејна традиција развиле бизнис во кој уживаат. 

Драгица Филиповиќ почнала со работа не толку млада, но била енергична, истрајна и одлучила да успее. 

Со пчеларство почнала да се занимава пред повеќе од три години и веќе е на „зелена“ гранка. 

„Мојот мотив да почнам со приватен бизнис беше дополнителниот приход. Не сум чула досега некој да почнал од здодевност. Кај мене дополнителниот приход беше мотив да успеам во бизнисот со кој се зафатив. Освн тоа, си дадов задача однапред да обезбедам залихи од мед. Прво за мене и моето семејство затоа што добро влијае на имунитетот. Редовно сите дома го користиме. Потоа тоа успеа и за купувачите“ - вели таа за Bizlife.rs. 

На почеток немала искуство, и добила помош од колега. Со тоа ја продолжила работата на дедо си од пред многу години која била прекината. 

Филиповиќ вели дека не е доволно само да се има кошница и пчели, туку треба да се знае што понатаму. 

Потребно е знаење, но и искуство. Филиповиќ за почеток вложила 600 евра за комплетна опрема. Целта на оваа жена е да го прошири бизнисот. 

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари