28 Март, 2024
0.0263

ДЕЧЕВ ЗА ФАКТОР: Контроверзните прашања треба да бидат тема на дебата, така ако започне Каракачанов може да бидe вишок

Објавено во: Македонија 08 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Стефан Дечев, бугарски историчар и професор за Фактор изјави дека во догледно време во Бугарија нема да има промена на позицијата кон Македонија.

Вели дека според распоредот на сили кој се очекува во идниот бугарски Парламент, промени нема да има во односот кон нашата земја. Дечев додава дека ако Слави Трифонов влезе во Парламентот како што се очекува, тој има консензус со оваа политика која сега се води.

„Не мислам дека ќе има брза и ненадејна промена по изборите. Да не заборавиме дека зад оваа политика стои парламентарен консензус од 2019 година. Покрај тоа, една од вонпарламентарните партии, која најверојатно ќе влезе во Парламентот по изборите на почетокот на април, на шоуменот Слави Трифонов „Има таков народ“ не се разликува од овој консензус. Самиот Слави Трифонов и неговите сценаристи во последните 20-30 години многу помогнаа да се создаде пост националистичко и великобугарско разбирање како Живковото за Македонија и минатото со Македонија. Постојат некои разлики во позицијата на коалицијата Демократска Бугарија. Некои од нејзините истакнати претставници не се согласија со Рамковната позиција во октомври 2019 година. Но, само „Демократска Бугарија“ не може да биде доволна за промена на владината политика. Сè уште не е познато каква ќе биде судбината на ВМРО на Каракачанов и дали тие ќе влезат во Парламентот. Тие во моментов се на работ. Накратко - не може да има решителна промена во бугарската политика кон Македонија во догледно време“, рече Дечев.

За историските спорови, вели дека ако има вистински експерти од обете страни, со модерно историографско размислување, со алатки од денешната историја, општествените науки и хуманистичките науки, можно е решение.

„Но, како што Бугарите и Македонците со децении учеа за Гоце Делчев, Самуил и за други на училиште и од разни патриотски медиумски програми, тоа ќе биде многу, многу тешко. Контроверзните историски прашања треба да се појават и да бидат теми за дебата, отворена дебата во бугарските и македонските медиуми, а не да бидат затворени во комисија. Но, ако тоа започне, Каракачанов и Мицкоски може да бидат  вишок и тие сигурно не го сакаат тоа“, додава Дечев.

Македонија не ги започна преговорите со Европската Унија поради блокадата од Бугарија. Секојдневно бугарски политичари упатуваат провокативни изјави кон Македонија. Воедно се спори ликот на револуционерот Гоце Делчев.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија