29 Март, 2024
0.0251

Дарежливиот газда од Охрид го следи трендот на добра заработувачка од станови во градот

Објавено во: Економија 22 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Новко Плаќаноски, еден од најуспешните бизнисмени во Охрид и деновиве познат по тоа што им платил летување на 126 вработени во Турција, според запишаното во Централниот регистар, ќе се испроба и во изградбата и продажбата на станови во градот-бисер.

Во текот на минатата недела му е одобрено основањето на Делта Инвестмент со седиште во Охрид, каде што Плаќаноски е еден од четворицата сопственици, а дејноста на друштвото е изградба на станбени и нестанбени згради. Тој ни ја потврди регистрацијата на компанијата, но повеќе не сакаше да зборува за тоа колку се амбициозни неговите планови во овој бизнис.

По 1.500 евра за метар квадратен плаќале граѓани годинава за станови во Охрид  Од Агенциите за недвижнини во овој град за Фактор велат дека годинава имало јагма за овие недвижнини во градот. Со оглед на тоа што понудата е помала, а имало голема побарувачка цените отишле нагоре. Агенти за продажба велат дека становите се продавале за 1.300 - 1.400 евра за квадрат. Ова е навистина висока цена, каква не е регистрирана ниту во центарот на Скопје каде недвижнините се доста поскапи со години.

Од последната година на објавените биланси, Компанијата на Плаќаноски, НО.МА. Метал , која се заминава со производство на метални производи во 2018 остварила приход од 21,7 милиони евра и профит од 327.000 евра. Во Топ-10 најприходни фирми во Охрид е уште една металска компанија, а тоа е П.Н. Метал во која ко-сопственик е повторно Плаќаноски, со производство на печки и горилници, а остварила приход од 8 милиони евра и добивка од 970.000 евра.

Стружанецот по потекло изминатата недела се популаризираше откако вработените го пофалија дека им обезбедил ултра ол-инклузив аранжман во Турција. Бизнисменот ги испратил со чартер лет во Анталија и покрај тоа што вледее голема неизвеснот во македонската економија поради коронавирусот. 

Тој поседува уште неколку помали бизниси како ресторан, кафуле и сместувачки објект.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат