28 Март, 2024
0.0237

Ангеловска се откажа од платата, данокот на добивка ќе чека, затезната камата се преполовува

Објавено во: Финансии 18 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Фирмите ќе бидат ослободен од плаќање аконтации за данокот на добивка во периодот од следните три месеци, оносно за тримесечието април, мај и јуни.

Мерката ја соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска, која рече дека е тешко да се предвидат последиците од коронавирусот. 

Таа рече дека мерката ќе важи за следните три месеци, април, мај и јуни.

Ќе важи за погодените компании, услов е да не исплатиле дивиденда во 2020, да не исплатиле бонуси и годишни и награди, и да не ги намалат работните места.

Ова е во насока на заштита на ликвидноста на реалниот сектор.

Дел од барањата на коморите биле и намалување на каматите и парафискалните давачки. 

Законската затезна камата ќе се намали за половина, од 10 на 5 проценти, кон правни лица, и од 8 на 4 отсто ако се работи за физичко лице. 

Ќе се намали и казнената камата за јавни давачки, соопшти Ангеловска.

На провајдерите за одржување на фискалните каси ќе им се дадат препораки за половина да ги намалат цените.

„Сите држави се погодени, сите се справуваат со предизвикот. Треба да делуваме со внимателност, ако така не направиме, ефектите можат да бидат драматичи. Од оваа криза нема предвидлива траекторија. Се подготвуваме и за најлошите сценарија. Ова е специфичен удар од нееконосмки карактер“, рече Ангеловска.

Според првата финансиерка, Буџетот сега е стабилен, но тоа може да се смени многу брзо ако потрае состојбата. Просторот фискален за делување не е неограничен. 

„Буџетот на МЗ може да одговори на кризата“, рече Ангеловска.

Профитот не смее да дојде пред луѓето, апелираше министерката. Потребна за фирмите е адаптибилност. Бројни компании веќе се реорганизираат и ги менуваат работните процедури. Некои од угостителите воведуваат други начини на достава на храна. Некои ќе затворат, а на некои ќе им се зголеми бизнисот.

Најголемиот шок се очекува во вториот квартал, третиот опоравување, за четвртиот да дојдеме до стабилизација.

Министерката побара фирмите на кои добро им оди, порано да ги уплатат аконтаците.

Ангеловска соопшти дека во овој период се откажува од својата плата.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка