19 Април, 2024
0.0322

Данела Арсовска денеска ќе ги објави новите директори

Објавено во: Македонија 28 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, најави дека денеска во текот на денот ќе ги објави имињата на новите директори на јавните претпријатија, откако претходно ескалираше соработката со ВМРО-ДПМНЕ.

„Постапката е завршена, комплементарно ќе бидете информирани. Кога ќе бидат објавени имињата. Многу брзо… во тек на денот“, изјавила Арсовска за Алсат ТВ.

Голем дел од институциите под Град Скопје се без директор, бидејќи директорите кои дојдоа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ си поднесоа оставки, а во меѓувреме Арсовска се препукуваше дури и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска уште нема прифатено ниту една оставка на директорите од ВМРО-ДПМНЕ, кои уште пред две недели ги доставија до Градот. Тиквата пукна кога беше разрешен директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински во врска со набавка на пречистителна станица од 136 милиони евра.

Најпрво оставки поднесоа директорите на ЈП „Градски паркинг“ Бојан Христовски и на депонијата „Дрисла“ Јане Мицевски. Потоа оставките поради немање комуникација и соработка со Арсовска поднесоа и директор на ЈП „Улици и патишта“ Борис Настов, на „Лајка“ Воислав Димитровски и на ЈП „Паркови Зеленило“ Ангеле Сотировски.

Во јавните претпријатија во Град Скопје на функција останаа само директорот на ЈСП „Скопје“ Александар Стојковски и директорката на „Комунална хигиена“ Косана Мазнева.


Можеби ќе ве интересира

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне