Дали знаете кои се најскапите градови за живот во светот?
Објавено во: Свет 01 Декември, 2022
Њујорк и Сингапур се на врвот на листата на најскапи градови во светот.
Истражувањето го направи „Економист интелиџенс јунит“. Лани прв беше Тел Авив кој сега падна на третото место. Москва и Санкт Петерберг во Русија го зголемија рангирањето за дури 88 места затоа што санкциите и цените на нафтата ги зголемија цените.
Посилната валута беше еден од факторите што ги искачи градовите повисоко на ранг-листата. Шест од осумте градови што најмногу се искачија (по двата руски града) беа американски градови, предводени од Атланта. Американската валута нагло зајакна во однос на речиси сите валути, бидејќи американската централна банка ги зголеми каматните стапки и сигнализираше нови зголемувања кои доаѓаат.
Дамаск во Сирија и Триполи во Либија ги задржаа своите места како најевтини анкетирани градови. Претходно, на многу истражувања градови од Германија и Швајцарија котираа високо. Вообичаено, едни исти градови се на дното на листата.