29 Март, 2024
0.0358

ДАЛИ СТЕ НЕМАЛЕ СТРУЈА МАКАР ЕДЕН ЧАС, ЕДНА МИНУТА, ЕДНА СЕКУНДА - Фатмир Битиќи со прашање до опозицијата во Собрание

Објавено во: Економија 23 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Во Собранието попладнево продолжи седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност на која на дневен ред се предлог-одлуките за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на државата, заради недостиг на електрична енергија и топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, одговарајќи на тврдењата на опозицијата, меѓу другото, најави дека Владата во Собранието наскоро ќе претстави пакет антикризни мерки, како и законски измени.

Во однос на барањето за одговорност, Битиќи кажа дека 65.000 жители на Скопје ниту еден ден немале прекин на топлинска енергија, а за електричната енергија праша дали имало „еден ден, еден час, една минута“ недостаток на струја.

На обвинувањата дека се склучат договори во четири очи, вицепремиерот повтори дека се што се работи е во рамки на законите.

Битиќи, според пратеничката Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ, почувствувал поголема потреба да ја одбрани партијата, а не Владата и притоа изнел многу невистини.

Петрушевска рече дека за едно домаќинство месечно се потребни 48.000 денари и праша зошто Владата ги излажала синдикатите кои сеуште чекаат зголемување.

Пратениците од опозицијата и власта дебатираа за состојбата во РЕК Битола, за ремонтите кои не се направени и што се во тек, за увозот и цената на струјата, владеењето на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, но и на актуелната на СДСМ и ДУИ, за автопатиштата низ земјата, за туризмот, набавката на гас…

Можеби ќе ве интересира

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра