Дали САД и Франција ќе бидат „браќа по оружје“?
Објавено во: Свет 01 Декември, 2022
Франција и САД треба „повторно да станат браќа по оружје”, вели францускиот претседател Емануел Макрон. Тој е во посета на САД каде се сретна со американскиот претседател Џо Бајден.
„САД не можеа да бараат подобар партнер за соработка од Франција“, рече американскиот претседател.
Бајден ги поздрави на француски, вредностите на „слободата, еднаквоста и братството” со тоа што со голема помпа го пречека претседателот Макрон во Белата куќа.
„Двете земји „се најсилните сојузници бидејќи ова пријателство е вкоренето низ вековите”, рече Макрон
Поради војната во Украина и другите кризи, двете земји и натаму ќе ги негуваат добрите односи. Макрон во интервју за Еј-би-си кажа дека верува дека преговори со рускиот претседател Владимир Путин за прекин на војната се сè уште можни. Макрон кажа дека инвазијата на Украина е голема грешка на Путин. Тој кажа дека Путин е долго на челото на Русија.Фото: EPA-EFE/PHIL NOBLE / POOL